На 20 декември потсетуваме на 20-иот член од Универзалната декларација за човекови права кој гласи: Секој има право на слобода на мирно собирање и здружување, никој не може да биде принуден да припаѓа на некое здружение.
Правото на слобода на здружување и собирање го штити здружувањето од владиното неоправдано одбивање да го регистрира истото. Ова право има за цел да обезбеди дека не се многу тешки процедуралните формалности кои здруженијата на работници мора да ги поминат за да бидат формално признаени. Со ова право, исто така се бара да им се овозможи на мажите и жените да се организираат и да се приклучуваат кон работнички здруженија кои работат на нивните конкретни загрижености. Бидејќи ова се однесува и на давателите на здравствени услуги, како што е болничкиот персонал, тие имаат право да се придружуваат кон организации и да ги бранат интересите на работниците без претходно овластување.