На 21 декември потсетуваме на 21-иот член од Универзалната декларација за човекови права кој гласи: 1.Секој има право да учествува во управувањето со јавните работи на својата земја, непосредно или преку слободно избрани претставници.
2.Секој има право на рамноправна основа да стапува во јавна служба во својата земја.
3.Волјата на народот е основа на државната власт; оваа волја треба да се изразува на повремени и слободни избори кои ќе се спроведуваат со општо и еднакво право на глас, со тајно гласање или со соодветна постапка која ја обезбедува слободата на гласањето.
ЦИВИЛ го означи декември како месец на човековите права и секојдневно потсетуваме на сите членови од Универзалната декларација за човекови права.
Универзалната декларација за човекови права е донесена на 10 декември 1948 година од страна на Генералното собрание, со 48 гласа за, а ниту еден против и 8 воздржани.