На 28 декември ЦИВИЛ потсетува на 28-иот член од Универзалната декларација за човекови права кој гласи: Секој има право на општествен и меѓународен поредок во кој правата и слободите објавени во оваа Декларација можат да бидат остварени во целост.
Човековите права и слободи претставуваат основни критериуми што ја отсликуваат улогата на човекот и граѓанинот во едно општество, и се најасниот показател за карактерот на власта.
Колку се понапредни тие, толку повеќе ја стеснуваат можноста на власта за злоупотреби и арбитрарност кон правата и слободите на човекот.
Универзалната декларација за човекови права е донесена од Генералното собрание на Обединетите нации, на 10 декември во 1948 година.
илустрација: Oswaldo Guayasamin – “El Mestizaje”