На денешен ден е роден големиот македонскиот писател Блаже Конески.
Блаже Конески е роден во Небрегово, на 19 декември, во 1921 година. Конески беше истакнат македонски книжевен културен и јавен работник, поет, есеист, книжевен историчар, филолог, јазичар, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје.
Тој бил и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна личност во македонската книжевност.
Конески се вклучил во стандардизирањето на македонскиот јазик, ја изработил граматиката на современиот македонски јазик, го составил правописот на македонскиот литературен јазик, а исто така бил уредник на „Речникот на македонскиот јазик“.
Конески е истакнат лингвист, меѓународно реномиран славист, еден од најзначајните протагонисти во процесот на кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, втемелувач на македонистиката на Филолошкиот факултет во Скопје, кој денес го носи неговото име, еден од основачите и прв претседател на МАНУ.
Неговите дела се преведени на голем број јазици. И ден-денес неговото име се споменува доста често во научните и културните кругови.
Конески починал на 7 декември 1993 година, во Скопје.