• Latest

На кампањата за локални доминираат национални прашања, пријавувањето за гласање на болни и немоќни завршува утре на полноќ, на лицата со Ковид-19 на 11 октомври

October 8, 2021

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

На кампањата за локални доминираат национални прашања, пријавувањето за гласање на болни и немоќни завршува утре на полноќ, на лицата со Ковид-19 на 11 октомври

October 8, 2021 17:23
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Дванаесетти ден од изборната кампања за локалните избори, општиот впечаток е дека се водат два различни видови кампања, од кои едната се однесува на локалните агенди на кандидатките и кандидатите за функции во локалната власт, а втората е црна кампања во која преовладуваат говорот на омразата, навредите и дезинформациите за политичките конкуренти.

Кандидатите за градоначалници и носителите на листи за советници пред граѓаните ветуваат урбанизација, развој на локалната економија, подобрување на локална инфраструктура, намалување на социјалната исклученост, младинска вклученост, заштита на животната средина, искористување на компаративните предности на општината и промовирање на одржливиот локален развоj…

ДИК

Финишираат активностите за изборите како на Државната изборна комисија така и на учесниците на изборите. Први своето право на глас на овие избори ќе го искористат лицата што ќе се пријават да гласаат како болни и немоќни, болни од Ковид-19 или во самоизолација, затворениците, лицата во притвор, во стaрските домови и внатрешно-раселените лица. Тие гласаат ден претходно, на 16 октомври, а за нив за утврдување на идентитетот и проверката дали веќе гласале нема да се врши со уреди за биометриска идентификација, туку за нив ќе користи спреј и УВ ламба. Пријавувањето до општинските изборни комисии за гласање на болните и немоќните завршува утре (9 октомври на полноќ), додека рокот за лицата со Ковид -19 или во самоизолација е до 11 октомври на полноќ.

ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, истакна дека владејачката партија ДУИ, присвоила се што можела, од обвинителство до полициските началници, додека според него, тие се обидуваат да го присвојат напорот и потта на градоначалниците предводени од опозициските кадри.

„Се обидоа да ги присвојат дури и оние добри дела кои ги направивме со толку моќ колку што имаме како опозицијата во собранието. Но, народот гледа, гледаат кој е на патот на праведност и просперитет, и гледаат кои се манипулаторите и со трикови ни кажуваат каков ќе биде епилогот на 17 -ти октомври. Е па, оние кои немаат фобија од височини, и кои се држат многу високо, ви велам дека лошо ќе им ги скршите носевите на 17 октомври. Лошо ќе им ги скршите носевите затоа што колку повисоко да си, толку е потешко кога ќе паднеш“, рече Села.

ДИУ

Kандидатот на ДУИ за општина од Брвеница, Аркин Јахији истакна дека сите граѓани ќе бидат задоволни и ќе имаат квалитетни услови за животот на граѓаните.

„Ние сме најдобри“, а ние сме тие што ќе ја реализираат Зелената агенда. Нема да дозволиме зелениот сон да остане само реторика и симболика, туку искрено остварување на зборот и даденото ветување. Нема да дозволиме општина Брвеница да продолжи со старите навики на одолговлекување и негрижа, туку ќе ја ставиме во движење и ќе ја оживееме на најдобар и најефикасен начин. Ова ќе го докажеме на дело веднаш по добивањето на мандатот за кој верувам дека го заслужуваме“, нагласи Јахији.

СДСМ

Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од политизирање на несреќниот пожар во болницата во Тетово, не се откажува од злоупотреба на чувствата на граѓаните и дека се обидува да профитира на несреќи, ширејќи лажни вести и конструкции кога се уште се чекаат комплетните резултати од истрагата.

„Граѓаните многу добро знаат дека ВМРО-ДПМНЕ трошеше стотици милиони евра за „барокно Скопје“, а не на инфраструктурни проекти. ВМРО-ДПМНЕ не градеше подземни сообраќајници и булевари, зашто приоритет им беше „Панорамското тркало“ и „Панорамската кула на Водно“. Граѓаните многу добро знаат кои се проектите на Коце Трајановски – барокните фасади, партискиот плоштад пред „Белата палата“, испустените градски плажи, исушените палми…“, велат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека Зоран Заев создава проблеми, без да биде свесен за последиците кои ги прави за државата и идните поколенија.

„Се грижи само за својот и спасот на неколкумина околу него. Се однесува како опозиција, а го пљачка народот, се расправа за некое минато време кое никогаш нема да се врати, како што и неговото нема да се врати после 17 октомври. Драги пријатели, потребни се промени, затоа власта е исплашена“, вели тој.

ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД

Од Зелен хуман град велат дека како главен проект на идната локална власт, совет и градоначалник на град Скопје е изработката и усвојувањето на новиот Генерален Урбанистички План (ГУП) на град Скопје.

„Основни принципи и начела во планирањето на ЗХГ се: социо-економска праведност, рамномерен развој, демократизација на управувањето со просторот како јавен ресурс, партиципативност, климатска отпорност вградена во плановите. Со новиот Генерален урбанистички план (ГУП) мора да се постави рамка за современо и хумано урбанистичко планирање“, велат од ЗХГ.

ЦРНА КАМПАЊА: ДОМИНИРА ТРАГЕДИЈАТА ВО ТЕТОВО, МЕТА СЕ ВИСОКИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ НА СДСМ

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ јавува за нови случаи на говор на омразата и црната пропаганда во изборен контекст. Доминира темата со трагедијата во Тетово која се користи за дискредитација на политичките противници. Се бележи организиран напад на социјалните мрежи од поддржувачи на опозициските партии кои упатуваат вулгарни навреди и закани под објавите со информации и содржини за партиските активности на СДСМ.

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021

Караванот „Најдоброто за мојата општина“ предводен од СДСМ во Чешиново-Облешево, Зрновци и Кочани и Арачиново, Охрид, Крива Паланка, Гази Баба и Велес. 

ВМРО-ДПМНЕ „Создади нова иднина!“ во Македонски Брод и во Скопје (Сопиште, Аеродром и Гази Баба).

Движењето „Одлучно за промени“ предводено од ДОМ и ЛДП во Аеродром и Чаир.

Движењето Беса во Арачиново.

ДУИ во Дебар.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ