• Latest

На сметка на ДЗР, дали ќе страда АВМУ?

October 4, 2019
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

На сметка на ДЗР, дали ќе страда АВМУ?

Окупирани со партиските препукувања за Главен државен ревизор, тешко дека може да се надеваме дека изборот на членовите на Советот и директорот на Агенцијата ќе помине толку лесно и без скандали

October 4, 2019 18:15
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Битката за нови членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми допрва ќе се води, со оглед дека Комисијата за избори и именувања при парламентот сѐ уште е под блокада, поради изборот на Главен државен ревизор.

Државниот завод за ревизија две години нема главен ревизор, а заменикот главен ревизор, Насер Адеми, неодамна за ЦИВИЛ Медиа изјави дека ДЗР функционира без пречки, со оглед дека тој ги има истите надлежности како и Главниот државен ревизор. Сепак, ако до петок не се избере Главен државен ревизор, оваа институција ќе биде блокирана. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги замоли политичките партии да не се инаетат при иборот на функционерите.

И токму оваа битка ја засенува потребата за реорганизација на АВМУ и избирање на претседател-ка и членови на Советот на АВМУ, која не е без опструкции, според нашите извори.

Како всушност се бираат членови на Советот на АВМУ?

Закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Македонија“ бр.248/18), објавен на 31 декември 2018 година, влезе во сила осмиот ден од денот на објавувањето, односно на 9 јануари 2019 година, значи пред девет месеци!

Со овие измени и дополнувања се пропишува именувањето на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, што Собранието го врши врз основа на претходно спроведен јавен конкурс, при што организира јавна расправа за кандидатите, односно именување на членовите, како чекор кон исполнување на заложбите за независно и отчетно регулаторно тело во областа на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги.

Јавниот конкурс за избор на членови на Советот на ААВМУ Собранието го објави на 31 јануари 2019 година. Кандидатите за избор на членови на Советот на ААВМУ, требаше да се пријават на јавниот конкурс во рок од 30 дена од денот на објавувањето во „Службен весник“, односно заклучно со 2 март 2019 година.

Што се однесува до Комисијата за прашањата на изборите и именувањата, нејзина должност е да провери дали кандидатите кои се пријавиле на конкурсот ги исполнуваат условите за пријавување на јавниот конкурс, како и условите за спречување на конфликт на интереси, утврдени во член 16 од Законот, како и во рок од 1 месец по завршувањето на јавниот конкурс да организира јавна расправа за кандидатите кои ги исполнуваат условите утврдени во член 16 од овој Закон, на која ќе ги покани организациите кои дале поддршка на кандидатите, други медиумски и професионални новинарски организации, невладини организации од медиумската сфера и други релевантни субјекти, што значи заклучно со 2 април оваа година.

Изборите за претседател на РСМ, ја спореа процедурата за избор, според законските одредби дека додека траат неможе да се започне постапка за вработување на нови лица во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случај на итни и неодложни работи, целата процедура е сопрена до  објавување на конечните резултати за завршување на изборите од ДИК. Или до крај на мај, оваа година КОмисијата за именување и избори требала да свика седница и да ја спроведе постапката за избор.

Седницата е одржана на 29 јули .2019 година, на која само се констатира дека на конкурсот за АВМУ се пријавиле 28 кандидати, од кои сите ги исполнуваат формално правните услови да продолжат во наредните фази од процесот на изборот, по што Утврдените листи беа доставени до Антикорупциската комисија со цел да достави советодавно мислење за секој од нив дали ги исполнува условите за непостоење судир на интереси утврдени согласно законските услови (пред да бидат упатени на јавна расправа).

Комисијата поднела барање до ДКСК и добила одговор дека Антикорупциска ќе одлучува само за оние кандидати што ќе бидат дел од Советот на АВМУ, потсетувајќи ја комисијата дека предмет се отвора на веќе избрани и именувани функционери.

„Државната комисија известува дека врши проверка на постоење на состојба на судир на интереси кај службените лица утврдени во член 8 став 2 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, односно во таа категорија влегуваат сите избрани или именувани лица и вработените во јавниот сектор. Во конкретното барање за мислење, наведените лица како пријавени кандидати по Одлуката за објавување на Јавен конкурс за избор на членови Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги не влегуваат во категоријата на службени лица, по што Државната комисија нема надлежност да постапува“, гласи мислењето на ДКСК од 20 август 2019 година.

На седницата на собраниската омисијата за избори и именување, на 27 септември, требаше да се разгледа и усвои мислењето од Антикорупциска и да констатира дека сите кандидати ги исполнуваат условите за согласно законските услови, да организира јавна расправа за кандидатите кои ги исполнуваат условите утврдени во член 16 од Законот за АВМУ, на која ќе ги покани организациите кои дале поддршка на кандидатите, други медиумски и професионални новинарски организации, невладини организации од медиумската сфера и други релевантни субјекти, да состави листа и да ја достави до Собранието.

Доколку оваа седница се одржеше до крај (на дневен ред АВМУ беше претпоследен), доколку следните денови се организираше јавна расправа и се доставеше листа, оваа недела веќе Собранието ќе ги именуваше новите членови на Советот на АВМУ.

Окупирани со партиските препукувања за Главен државен ревизор, тешко дека може да се надеваме дека изборот на членовите на Советот и директорот на Агенцијата ќе помине толку лесно и без скандали.

Особено ако се земе предвид дека измените во Законот за АВМУ предвидуваат професионално и експертско тело во Советот, на сметка на претходната традиција од партиска распределба на 7 членови во Советот. На сегашниот директор на АВМУ, Зоран Трајчевски, мандатот му завршува во 2021 година, кога Советот ќе одбере нов.

Простор за сомнежи има, со оглед на биографијата на Трајчевски, составот на самата Комисија за избори и именувања, како и итната потреба АВМУ да биде независен, професионален и транспарентен регулатор на медиумите.

Со ова, се отвораат низа прашања, меѓу кои и она, каде е запрен процесот и кому му одговара ваквата статус-кво ситуација.

Биљана Јордановска

Share47Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ