Најмалку 40 луѓе се убиени, а 80 повредени, во воздушен напад каде беше погодено прифатилиштето за мигранти во Триполи, Либија.
Околу 120 мигранти биле во државниот центар за притвор Тајџура, а се верува дека вкупно се сместени околу 600 мигранти.
Владата за бомбардирањето ја обвини таканаречената Либиска национална армија (ЛНА) под водство на Калифа Хaфтaр. Повеќето од жртвите се од африканските земји, кои се обидувале да стигнат до Европа преку Либија.
Според владата, нападот бил смислен и прецизен.
ЛНА во понеделникот објави дека ќе почне со жестоки воздушни напади на Триполи, бидејќи „биле исцрпени традиционални начини на војна“.
А. П.