Секако една од најкоментираните и највидливите политички фигури во Северна Македонија е пратеничката Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ. Без оглед на тоа дали некој ја сака и почитува или ја мрази и напаѓа, Рангелова се појави и опстана на политичката сцена во исклучително турбулентни времиња за земјата. Околу неа се плетат огромен број приказни, а често е жртва на жестоки напади и говор на омраза од најразлични страни, вклучително и од „своите“.
Нејзиното политичко дејствување неретко е контроверзно и, своевремено, на линија на антидемократските и авторитарните политики и практики на поранешниот премиер Никола Груевски. Но, Рангелова ја гледаме и во сосема поинаква светлина, со ставови за суштински важни теми и области, за кои во минатото малку или воопшто не се знаеше.
Многубројни причини претставуваа повод за интервју со Даниела Рангелова, со која разговаравме за заложбите за родова еднаквост, предизвиците на жената во политиката и во партијата, како и за актуелните теми поврзани со изборните реформи и активностите на ВМРО-ДПМНЕ, за Иницијативата за исполнување на квотата од 50% жени во парламентарниот дом…
текст и монтажа: Биљана Јордановска
камера и фотографија: Атанас Петровски












