За неполни две недели Германците треба да изберат нов канцелар или канцеларка. Она што е интересно за овие избори е дека голем број гласачи што ќе се појават на избирачките места не го паметат времето пред Ангела Меркел, бидејќи пораснаа покрај својата Mutti (мајка на германски јазик), која ја напушта функцијата Канцеларка после полни 16 години.
Таа е голем пријател на Северна Македонија и на Западен Балкан. Каква иднина може да очекува Западен Балкан по изборите во Германија? Кои се фаворити на изборите? Кој може да биде идниот канцелар или канцеларка на оваа држава? Каков би можел да биде неговиот, односно нејзиниот однос кон регионот и кон Македонија?
Ангела Меркел својата кариера ја привршува со посета на Западен Балкан. По дводневната посета на Србија, таа во Тирана ќе има состанок со премиерите на сите држави од регионот.
Какви пораки носи Меркел за иднината на Западен Балкан после нејзиното пензионирање?
Во опширна анализа на тема избори во Германија ќе прочитате и зошто од падот на нацистите, 1945 година, оваа година првпат во пресрет на изборите, десничарската партија АФД е под надзор на безбедносните служби.
Сето тоа и многу повеќе, во анализата на Александар Николиќ Писарев, специјално за ЦИВИЛ МЕДИА, веднаш по заминувањето на германската канцеларка Ангела Меркел од Западен Балкан.