Професорката Мирјана Најчевска, на својот Фејсбук профил напиша дека сите функционери треба да прават тестови за да се утврди дали употребуваат дроги.
„Јас мислам дека сите пратеници и високи функционери во власта треба барем два пати годишно да бидат проверени за употреба на психотропни супстанци. Функциите носат привилегии, мора да носат и ограничувања.
Јас лично сум за леализирање на марихуаната и еден сосема поинаков пристап кон консумирањето на психотропни сусптанци, меѓутоа, во Собранието сакам луѓе со чисти глави.
Јас исто така мислам дека треба да има и тестови за општа интелегенција. Навистина ми е преку глава од “народни претставници“ со пола грам мозок кој не можат да соберат 2+2, а камоли да разберат што пишува во законските предлози за кои дигаат рака“, напиша Најчевска.












