По веста дека градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, најмил маректинг агенција која за 73.000 евра ќе ги известува граѓаните на општината за неговата работа, социјалните мрежи зовреа од реакции.
„Маркетинг агенција нема да може да му го поправи имиџот. Реални дела се најдобар имиџ, а нив ги нема“, пишува Огнен Вангелов на објавата на ЦИВИЛ Медиа.
Професорката Мирјана Најчевска со сличен став.
„Се надевам дека е лажна вест. Долку е вистина тогаш е страшно. Не, мизерно. Не, срамно. Не, идиотски. Треба да си безобразен кретен за да направиш вакво нешто. Најдобар маркетинг за општината се задоволните граѓани. Се што се прави во општината веднаш се чувствува. Ако имаш потреба од реклама тоа значи дека не правиш ништо корисно за граѓаните, дека сакаш да ги изманипулираш граѓаните создавајќи привид на соодветна активност и/или сакаш да сокриеш колку не те бива како градоначалник. Мислам дека граѓаните треба да престанат да гласаат за партии на локалните избори и да си најдат човек кој нема да потроши ни денар надвор од интересите и потребите на граѓаните и кој ќе сакаат одново и одново да го избираат затоа што знае и умее да раководи со општината. А за оваа постапка, мислам дека треба да се формира граѓанска иницијатива и да го туѓи градоначалникот за ненаменско и произволно трошење на парите на граѓаните“, пишува Најчевска.