• Latest

Најголем активен пожар во Делчево и Пехчево, меѓународната помош е тука, се бара одговорност и од граѓаните

August 6, 2021

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Најголем активен пожар во Делчево и Пехчево, меѓународната помош е тука, се бара одговорност и од граѓаните

August 6, 2021 14:05
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од Центарот за управување со кризи денеска на прес конференција го соопштија пресекот на активни пожари до 8:30 часот. Активен е пожарот во Делчево, и истиот, заедно со тој во Пехчево се третиранни како едни од најголемите пожари, нагласија од ЦУК.

Вчера имало 18 пожари во Скопје, од кои 17 се целосно ликвидирани. Остана пожарот во Сарај, кој се спушти од Тетовскиот регион од Желино и, движејќи се кон селата Раовиќ и Буковиќ, зафатил добар простор од Јасен, информираше Горан Стојановски од Центарот за управување со кризи информираше дека.

„Пожарот во Охрид е целосно локализиран кај Косел и село Расино. Пожарот во Велес, населба Дорутовец  е исто така локализиран, како и во селата Лозарци, Рожден и Мрежичко“, изјави Стојановски.

Тој нагласи дека состојбата сега е стабилна, но и понатаму ќе ја следат и доколку има потреба, Оперативниот штаб на ЦУК дополнително ќе настојува да помогне во распределба на ресурси, човекови и материјални средства.

Марија Милкова од ЦУК на денешната прес-конференција истакна дека не сме сами во ова, туку, имаме помош од други држави, кои, како што нагласи, „ја подадоа својата рака“, донираа свои ресурси, човечки и материјални, во справувањето со пожарите кои беснеат во државата.

„До овој момент странска помош која е пристигната е тимот од Србија, со четири хеликоптери кои први дојдоа на помош, тимот од Бугарија, со 25 пожарникари и шест специјализирани возила за гаснење на пожари, тимот од Словенија, со 45 лица, медицинска екипа, 11 противпожарни и транспортни возила и специјализирани екипи опремени со сите можни ресурси, австрискиот тим составен од 140 лица, 16 специјализирани возила, медицински тим, амбулантно возило, 14 камиони, 9 приколки и друга дополнителна опрема за гаснење на пожари“, изјави Милкова.

Таа изрази огромна благодарност и информираше дека се најавени и други држави кои ќе испратат свои претставници и ресурси во справувањето со пожарот.

Драги Тарчуговски од ЦУК истакна дека за да заврши кризната состојба, покрај координацијата на субјектите на системот за управување со кризи, на сите субјекти во државата, како и координацијата со меѓународните тимови, потребна е и поддршката од граѓаните.

„Би апелирал до граѓаните, во наредните денови, кога се изразено високи температурите, да се воздржат од правење скари и палење огнови на отворено, а многу повеќе да внимаваат пушачите, особено при фрлањето на догорчињата, бидејќи најголем број од пожарите во историјата се од патот кон отворениот простор и кон шумите“, истакна Тарчуговски.

Тој нагласи дека догорчињата се едни од главните причинители и ги замоли пушачите секоја цигара што ќе ја испушат, да ја изгаснат.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција информираше дека во некои случаи, пожарите се предизвикани од искри од жици на бандери и изјави дека во тек е изработка на барање до ЕВН за да ги проверат нивните системи за дистрибуција на електрична енергија./ МИА

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ