Во денешниот избор за редовната рубрика на ЦИВИЛ Медиа – МРЕЖА, во која одбираме статус на денот, ја имаме професорката и активистка на ЦИВИЛ, Фросина Митрушева. Овој пат, таа пишува за наскапата работа на светот – алчноста!
Толку од надежите дека ќе се уриваат небулозните грдосии од Скопје 2014.
Ветениот грд подарок од индискиот криминалец ќе се довршува, додуша пренаменет. Било поскапо да се сруши.
Споменикот на воинот ќе се преименува во споменик на античкиот воин. Прескапо било да се сруши.
Панорамското тркало ќе се догради во непотребен панорамски мост. Оти – поскапо било да се сруши.
Оној воин, комита, или што да е, се’ уште јава на натртен коњ на еден кружен тек во центарот на нагрденото Скопје. Веројатно затоа што е скапо да се сруши.Само Ќосето дрвце се стори. За да ја осетиме озбилноста на намерата за справување со грдоста на еден налудничав проект.
Скапо било рушењето на најскапиот кич во Европа?
Не. Најскапа е глупоста и алчноста на оние кои ние ги плаќаме за да одлучуваат како да ни ја средат животната средина и животот. Трошејќи ги нашите пари, се разбира.