Група демонстранти се собраа во седиштето на грузиската опозициска телевизиска станица, Рустави 2, откако водител на телевизиско шоу почна со редица навреди кон рускиот претседател Владимир Путин и неговите покојни родители.
Доцна во неделата Грузија западна во голем немир одкако водител на телевизијата Рустави 2, Георгиј Габунија, кој употреби руски пцости за навреда на “окупаторот” Путин. И покрај жалната состојба на односите меѓу двете земји, грузиски високи функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи, премиерот и претседателот, се обединија во осудата на случајот.
Рустави 2 беше принуден привремено да се исклучи од етерот поради протестот, и објавија соопштение во кое го осудија изборот на зборови на Габуња, но не и неговата порака. Грузиската полиција соопшти дека се наоѓаат на местото на настанот, држејќи го протестот против граѓаните и новинарите безбедно.
А.М