Видео со вознемирувачка содржина се појави и веднаш се прошири на социјалните медиуми. На видео клипот се гледа како двајца од Штип буквално шутираат девојче кое лежи стуткано во агол. Тие ја тепаат девојка која ја обвинуваат дека излажала дека е бремена. На видеото се слушаат силни удари, а жрвтата со лелеци ги моли напаѓачите да престанат.
Станува збор за извесен Стефан Арсов кој според објавите на Фејсбук може да се забележи дека е симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ.
Друиот насилник е идентификувано како Пепи Ристов. Познаници и негови фејсбук пријатели веднаш ја одудија неговата постапка и му порачаа дека треба да одговара.
Во коментарите на социјалните мрежи се повикува на најстроги санкции и пресметка со овие насилници.
Заменичката на министерот за внатрешни работи, Славјанка Петровска на Фејсбук напиша дека за случајот ќе постапува и Центарот за социјални работи.
„Почитувани, на социјалните мрежи се споделува видео со навистина вознемирувачка содржина, кое содржи очигледни елементи на насилство. Ве известувам дека лицата се идентификувани, Бирото за јавна безбедност постапува. Постапува и Центарот за социјални работи“, напиша Петровска.
Петровска најави и најстроги санкции за сторителите.
Според Кривичниот законик, тој што друг малтретира, грубо навредува, ја загрозува неговата сигурност или врз него врши грубо насилство и со тоа во јавноста предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
Исто така, доколку се утврди дека нападната е малолетничка, и тоа ќе се земе предвид во сакнционирањето.
И. Т. Зафировска
Извор: Frontline