„Национално“ и „нација“ подразбираат концепт кој е поширок од она што му припаѓа само на еден народ и не означуваат етничка припадност или своина.
Од 1945та наваму, институциите на Федерална, Народна, Социјалистичка, Република сега Северна Македонија – формално правно (сакале тоа да го признаат некои или не) им припаѓале на сите граѓани/државјани – односно на народот/народите и народностите, националностите, националните малцинства… во зависност од именувањето во соодветниот историски/системски период.
Секако, има и институции кои се врзани за етничката посебност, култура, историја и идентитет, не само на македонскиот народ. Тие се лесно препознатливи.
Сепак, импонира тоа што многумина дури сега „открија“ дека институциите не им припаѓаат само на Македонците, туку и на сите останати граѓани. Реалност која, барем формално правно, ја имаме веќе 75 години. (Не) Ме чуди што меѓу нив има и видни професори, правници…
„Националното“ повторно ги откри националистите и она што тие го подразбирале или разбираат под овој поим. Како и секогаш, тоа е далеку од реалноста, дури и онаа формално правна на која се повикуваат, но е добро за манипулирање, потпалување, кликови и гласови.
#AluminiumToTheMaximum
#NieSmeNacionalniLudaci