ДЕЦАТА И ОНАКА ЌЕ УЧАТ ВО ГЕРМАНИЈА
Г-дин Заев, доколку и Вие, исто како и Теута до сега,уште некоја година не го изградите училиштето во Мала Речица, што го ветивте за да ѝ помогнете таа по втор пат да победи на изборите, тоа ич не ќе има потреба да го правите, затоа што децата ќе учат во училиштата на Ангела Меркел.
ПОСЛЕДИЦИ ОД БОМБИТЕ
Само во Северна Македонија никој не страда од експлозијата на бомбите, додека во Австрија за никого нема спас.
Г-дин Хан, ако во вашата Австрија, поради една бомба, се распишуваат вонредни избори, што ќе му сугерирате на вашиот македонски соговорник да се случи во Северна Македонија?
Македонија можеби треба, во знак на протест,времено да ги прекине контактите со Комесарот Хан, затоа што во Австрија само заради една „бомба“, прогласиле вонредни парламентарни избори.
ЗОШТО ДИЈАСПОРАТА НЕ ЈА САКА ТАТКОВИНАТА?
А зошто дијаспората да не ја сака татковината, независно од тоа која партија е на власт и која ништо не одлучува за нивната судбина?
И зошто со наши пари да плаќаме стотини илјади евра за да гласат само десетици иселеници?
И зошто тие самите не ги покриваат трошоците, кога се знае дека имаат пари, многу повеќе отколку ние овде?
ИЗГРАДБАТА ДОЦНИ ПРЕД И ДА ПОЧНЕ
Изградбата на само два километри од автопатот Скопје-Блаце, уште пред да почне, доцни. Може само да претпоставиме што ќе се случи со другите осум километри.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.