Осудениот Никола Груевски избегал во Унгарија преку Албанија и Црна Гора. Ова го потврдија и албанската и црногорската полиција, додавајќи дека во тој момент се уште не била распишана меѓународна потерница по него. И унгарските власти вчера соопштија дека Груевски, кој е осуден на двегодишна казна затвор во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство, поднел барање за азил и дека е почната правната процедура за тоа. Според официјалните податоци, бегството се случило на 11 ноември, кога Груевски ја преминал албанско-црногорската граница.
Албанскиот претседател Илир изјави дека минувањето на Груевски низ Албанија е прашање кое треба да им се постави на соодветните одговорни органи во Албанија, додавајќи дека на еден начин заминувањето на Груевски од Македонија е признавање вина од негова страна.
Претседателот на Собранието на Република Македонија, во интервју за Алсат, изјави дека не верува дека Унгарија, како земја членка на Европската Унија ќе му даде азил на поранешниот премиер Никола Груевски.
„Унгарија е членка на ЕУ и НАТО, а за да учествува во овие заедници, се проценува дека одлуките треба да ги превзема според европските вредности и јас не верувам дека унгарскиот народ ќе прифати да се стави еден црн печат на неговата судбина и неговиот статус како европско заедница со давање политички азил на Никола Груевски“, рече Џафери.
На денешната прес-конференција премиерот Зоран Заев јавно праша „Дали Груевски ја напуштил земјата доброволно или бил киднапиран?“ .
„Ако Никола Груевски влегол нелегално во земјава, според унгарското законодавство би требало да биде во српски бегалски камп, а не во Будимпешта“, дециден е правниот експерт контактиран од унгарските новинари.
Речиси сите земји од регионот, иако делумно, излегоа со официјални информации за начинот на преминувањето на граничните премини од екс премиерот Никола Груевски. Само Унгарија и Македонија сè уште не откриваат никакви информации.
Базирајќи се на официјалните и неофицијалните информации од полициски извори на соседните земји, ЦИВИЛ Медиа и Дрејт направија една проекција на рутата на патувањето на Груевски, којашто на визуелен начин може да ја проследите на прикажаните карти, како и потенцијалните гранични премини низ коишто можел да помине.
Денеска се одбележува Меѓународниот ден на толеранцијата. Овој ден е само потсетник на политичкото и општественото опкружување во кое живееме тенденциозно стремејќи кон насилство поттикнато од омраза.
ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува институциите да преземат мерки и одговорност и да ја отфрли праксата на неказнивост на злосторства предизвикани од омраза. ЦИВИЛ ги повикува и граѓанките и граѓаните, своите поддржувачи, членови и активисти да излезат и да го поддржат десеттиот Марш на Толеранцијата и заеднички да упатиме порака дека нема да дозвoлиме да бидеме жртви на омразата која води до хаос и деструкција.
М. И.