Хелсиншкиот Комитет за човекови права ќе одржи брифинг за новинари на тема “(Не) Суштински реформи во кривично правното законодавство“ на 28 јануари, вторник, во Граѓанскиот ресурсен центар со почеток од 12 часот.
Темите за кои ќе се разговара на брифингот се реформите на кривичното законодавство односно последните измени на КЗ, регулацијата на СЈО, и донесувањето на новиот Законот за прекршоците и реформите на судскиот систем, односно процесот на измени на Законот за судови и Законот за судски совет.
Брифингот е во рамки на проектот „За правда“, заедничка акција за следење на реформите во судството и застапување за нивно спроведување, поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија, а спроведен во партнерство со: Коалиција сите за правично судење, Македонско здружение на млади правници, Институт за европски политики, Институт за човекови права и Центар за правни истражувања и анализи.
Б. Ј.