Претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери, од денеска ќе престојува во работна посета на Романија и Литванија. Во двете земји – членки на ЕУ и НАТО, Џафери ќе присуствува на чинот на ратификација на Протоколот за пристапување на земјава во НАТО.
Во Парламентот на Романија седницата е најавена за утре, додека во Литванија чинот ќе се одржи во четврток.