Полека истекува рокот за Владата да успее да ја постигне посакуваната бројка од 80 пратеници, кои се неопходни за промена на Уставот, како услов за реализација на Преспанскиот договор.
Согласно последното пребројување, располага со 76 гласа, а му недостасуваат гласовите од партијата БЕСА и Алијанса на Албанците. Покрај овие 4 гласа, премиерот Зоран Заев се соочува и со интерпартиски проблеми, кога неговите сопартијци ги изнесуваат своите барања.
Според Фадил Зендели од БЕСА, БЕСА не знае дали ќе ги поддржи уставните измени или не. Одлуката ќе зависи од текот на утрешната средба. Зендели вели дека правилата на игра се смениле, затоа и поднеле амандмани. Тие бараат албанскиот јазик да биде официјален, државата да стане мултиетничка, а зборот „македонско“ во државјанство да стои „граѓани на Северна Македонија“. Тој за изјавата на вицепремиерот Османи, кој порача албанските партии да не бидат „кочница“ за членството на Македонија во НАТО, му препорача да оди во Чаир и да ги праша Албанците дали прифаќаат во делот за државјанство да бидат именувани како Македонци.
Ако најде некој со поддршка, тогаш и ние ќе го поддржиме“, додаде во својата изјава господинот Зендели.
Исклучените седум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Владанка Авировиќ од Социјалистичка партија, не се согласуваат премиерот Зоран Заев да ја исполни желбата на Касами, бидејќи е спротивно од нивните побарувања, кои се гаранција за идентитет.
Во текот на утрешниот ден, би требало да се разјасни дали ова се барања за подгревање на политичката сцена, но и тест за лимитите на Зоран Заев. Се шпекулира дека е обезбедено двотретинското мнозинство, иако е се е неизвесно до самиот крај.
Одредени здруженија, ја критикуваат опозициската ВМРО-ДПМНЕ која најави дека нема да учествува на пленарната дебата и ќе ја напуштат салата. Тие уверуваат дека партијата е монолитна и нема да даде поддршка за менување на името на Република Македонија. Исто така се шпекулира дека Панчо Минов од ГРОМ ќе ја даде својата поддршка. Врз раситнувањето на двотретинското мнозинство, додатно влијае заминувањето на Томислав Тунтев (СДСМ), кој замина во АЦВП. Доколку Талат Џафери ја констатира неговата оставка, господинот Тунтев го губи правото на глас.
Ј. М. П.