Има во Македонија и такви кои во добивањето на датумот за почеток на преговорите гледаат шанса за спас од одговорноста за криминалот и корупцијата што го направиле во минатото.
*
Јазикот што го зборуваат Србите и Хрватите е ист. Така сметал и Мирослав Крлежа, па сепак никому не му смета што Србите го викаат српски, а Хрватите хрватски.
*
Премиерот и министрите, се чини, без потреба, премногу време трошат во докажување и фалење дека многу пари од буџетот даваат за покачување на плати, разни субвенции, јавни инвестиции и слично. Тие всушност ништо не даваат, зашто самата влада ниту креира ниту може да креира пари, туку само ја користи уставната надлежност од едни граѓани со даноци да зема и на други да дава. Да дава плата од буџетот дури и на граѓани кои ништо не работат.
поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ