Комисијата за избор и именување на денешната седница во Собранието ја тргна од дневен ред точката за предлог за именување на нови членови на Државната комисја за спречување на корупција по барање на пратеничката Ивана Туфегиќ.
На конкурсот за избор на ДКСК, што се распиша во октомври се пријавиле 39 кандидати.
Се очекува пратеничките групи да се одлучат дали ќе се чека ново законско решение или новите членови на ДКСК ќе се бираат според стариот закон.
Доколку се чека на новиот закон, постои можност ДКСК да остане во истата состојба и за време на претседателските избори.
Б. Ј.