• Latest

Нема поддршка за одвојување на Северна Македонија и Албанија, економскиот развој најважен за 60 одсто од граѓаните, соодветна вклученост на НВО во процесот на проширување

December 13, 2021
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Нема поддршка за одвојување на Северна Македонија и Албанија, економскиот развој најважен за 60 одсто од граѓаните, соодветна вклученост на НВО во процесот на проширување

December 13, 2021 16:40
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Нема поддршка за одвојување на Северна Македонија и Албанија на европскиот пат, брифираат дипломатите во Брисел

Опцијата за одвојување на Албанија од Северна Македонија „доби малку, односно никаква поддршка“, вели висок дипломат на ЕУ за МИА.

Како што брифираат дипломатите присутни на разговорите на амбасадорско ниво, Бугарија се буни за повеќе формалности во заклучоците за Северна Македонија. Една проблематична точка за Бугарија е употребата на „долгото име“ – Република Северна Македонија, на што инсистира Софија.

Нацрт заклучоците на словенечкото претседателство го користат долгото име на сите земји од проширувањето во воведниот дел, потоа во остатокот од текстот се користи краткото име за сите (Северна Македонија, Србија, Албанија, итн.). Софија сака секаде да стои Република Северна Македонија, што е исто така неприфатливо за мнозинството земји членки. Се очекува краен компромис да биде употребата на долгото име за сите земји и во целиот текст, но не само за Северна Македонија, велат дипломатите.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

На деветтото издание на Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2021, се обрати ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски

– Многу сум горд што нашата авангарда, речиси една деценија ја организира оваа конференција на која учествуваат студентите, академската заедница, компаниите и сите заедно разговараат и дебатираат за предизвиците со кои се соочува нашата земја, но и целокупното човештво. Имено, актуелната енергетска криза покажува дека сите теми на кои ќе се разговара во следните четири дена на СКЕЕОР – обновливите извори на енергија, автоматизацијата и мерењето на енергетската ефикасност, електричните возила и енергетскиот транспорт, одржливоста и новите технологии – се теми на кои размислува и светската научна и економска јавност“, рече Јанкуловски.

 ФЛЕШ ВЕСТИ

ИЗТРАЖУВАЊЕ Четириесет отсто од македонските граѓани веруваат дека демократијата е важна за решавање на кризите како што е ковид-пандемијата, но во одлучувачки моменти властите мора да го имаат последниот збор. Во поглед на тоа што е најважниот приоритет за Северна Македонија, 60 отсто одговориле дека тоа е економскиот развој, за 22 отсто тоа е членството во ЕУ, зајакнувањето на демократијата е важно само за девет отсто, а членството во НАТО за пет проценти. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење „ЕУ, надворешните актери и довербата: Перспективата на Северна Македонија“, на Европскиот фонд за Балкан, презентирано денеска во Скопје.

НАЦРТ ЗАКЛУЧОЦИ МИА дојде до нацрт заклучоците на Советот за општи работи кои во наредните часови би можеле да претрпат промени, пред министерскиот состанок утре на кој Северна Македонија очекува зелено светло за отворање на првата Меѓувладина конференција со ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во воведниот дел стои временската одредница за отворање на првата меѓувладина конференција оваа година.

– Советот со нетрпение очекува одржување на првите меѓувладини конференции со Република Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро оваа година откако ќе биде одобрена преговарачката рамка од страна на Советот, гласат нацрт-заклучоците.

ПАРТНЕРСТВО Развојот на билатералните односи меѓу двете земји, како и регионалните предизвици и европската перспектива на Северна Македонија, биле тема на разговор на средбата на Министрот за надворешни работи, Бујар Османи, за време на престојот во Лондон со државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Лиз Трас.

ПРОЕКТ Во рамки на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ-интеграциите“, денеска се одржи регионална онлајн консултација „Граѓанското општество и дијалогот на јавни политики за реформска агенда на ЕУ“, на која ќе се дебатира за тоа која поставеност на политичкиот дијалог во државите на Западен Балкан може да ги забрза реформите поврзани со пристапувањето во ЕУ. Штефан Худолин, раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија смета дека треба уште многу да се работи за да се овозможи соодветна вклученост на невладините организации во креирање на програми и политики важни за процесот на проширување.

ЕКОНОМИЈА Скопје во следните четири дена е домаќин на Неделата на Централно европскиот договор за слободна трговија – ЦЕФТА 2021, на која, како што е најавено ќе присуствуваат високи функционери од ЦЕФТА страните, деловни претставници, дипломати и претставници на ЕУ и други меѓународни организации.

УГОСТИТЕЛСКА КОМОРА Дали навистина граѓаните, гостите и угостителите на Град Скопје добија независен Градоначалник или бившата Претседателка на Сојузот на стопански комори на Македонија и неговите членки си добија сопствен Градоначалник“, прашуваат од Независната угостителска комора (НУК) во нивната реакција до јавноста.

ИНТЕРНЕТ Користењето на интернет и онлајн купувањето во земјава годинава бележи раст, а интернет банкарството се користело за 104 проценти повеќе за разлика од лани. Интернет пенетрацијата во првото тримесечје од годинава е зголемена на 83,7 проценти опфат на домаќинствата наспроти 79,9 отсто во истиот период минатата година. Годинава, во истиот период 86,4 проценти од Македонците на возраст од 15 до 74 години користеле интернет, наспроти 81,4 отсто лани. Притоа, 87,8 проценти од мажите користеле интернет за разлика од 85,1 отсто од жените. Дури 80,5 проценти од Македонците биле активни на интернет на дневно ниво, а во однос на родовата распределба, мажите повеќе користеле интернет од жените. Соодносот е 82,6 наспроти 78,4 отсто.

УНЕСКО  Сите сме свесни за вистинската моќ на културата, уметноста и културното наследство во зачувувањето на човековата меморија и враќањето на човечкото достоинство и гордост. Освен тоа, знаеме дека културните политики низ вековите можеле да обликуваат историски наративи кои ја доловуваат националната митологија и кои го отелотворуваат идентитетот на земјата. Меѓутоа денешниот свет, кој брзо се менува, сериозно ги предизвикува концептите на културната политика од 20 век – рече министерката Ирена Стефоска на денешните регионални консултации на УНЕСКО за Европа и за Северна Америка за културните политики што се одржаа онлајн.

ГЛОБАЛЕН ИНДЕКС Северна Македонија е рангирана на седмо место во светот според Глобалниот индекс за политиките за дроги, во класификацијата со која се опфатените 30 земји. Земјава е на делба на седмото место со Грузија со ист број на индексни поени, а пред нив се Канада (6), Австралија (5), Велика Британија (4), Португалија (3), Нов Зеланд (2) и Норвешка (1).. Од европските земји кои се полошо оценети од Северна Македонија се Унгарија на 12 место и Русија на 20 место.

ЕДИТОРИЈАЛ

Што да се каже? Како реагираа институциите, државата? Регулаторната комисија за енергетика упати пригодни апели, ги замоли „мрежните оператори за електрична енергија да ги преземат сите мерки за враќање на нормалното напојување со електрична енергија во целата држава“. Тоа значи апел, меѓу другото – молба.

А потоа, МЕПСО со две-три изјави „објасни“ дека врнежите од дожд и снег ја разнишале мрежата за снабдување. За потоа, самозадоволно да ја извести премрзнатата јавност дека ги отстраниле дефектите.

И толку. Дури ни извинување за премрзнатите луѓе, за децата и возрасните кои потонаа во мрак и студ добар дел од денот и цела ноќ.

Зошто никој не понуди некоја сатисфакција за оние што претрпеа штети и им беше загрозено здравјето поради хаваријата со далноводите? Да им простат, односно да им платат (барем) еден месец сметки за струја, на пример. И да ги отворат вратите на јавните институции во кои има агрегати за струја, да ги згрижат луѓето…

Нема потреба посебно да се нагласува дека компаниите и државните институции имаат и законска обврска и ресурси да им помогнат на луѓето во вакви или слични ситуации. Имаат и обврска да покренат постапка за одговорност и тоа не само морална. Институциите и големите компании, во државна или во приватна сопственост, имаат обврска кон луѓето, да им испорачаат услуги и добра навремено, квалитетно и одговорно. Или пишувам како да сум од друга планета?

Изгледа дека е важно обврските да се исполнуваат само на релација партии – избори – компании. Луѓето се тука да плаќаат и да трпат, едиторијал на Џабир Дерала „ Белешка од друга планета“

ДИСТРИКТ

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио – интервју на Зоран Иванов со Јован Близнаковски – Доктор по политички науки, политички теоретичар и истражувач.

Тој зборува за: Партиските трговии со изборните гласови, партиската корупција и подмитливоста на избирачите, цените на избирачките гласови кај нас и во регионов, партиските војници и нивните мотиви, партиската верност и клиентелизмот и за уште по нешто.

СЛОБОДНА ЗОНА 

Од првите парламентарни избори, одржани во 1990 година, ВМРО-ДПМНЕ имаше само тројца претседатели на партијата – Георгиевски, Груевски и сега реизбраниот Мицкоски. Во тие 31 години, СДСМ смени двојно повеќе лидери, почнувајќи од Петар Гошев (кога партијата уште се водеше како СКМ-ПДП), а потоа Црвенковски, Бучковски, Шекеринска, Заев и сега тукушто избраниот Ковачевски. Во трите изминати децении, во СДСМ имаше само две значајни партиски отцепувања (она на Петар Гошев во далечната 1993 со формирањето на Демократската партија; и на Тито Петковски во 2005, кога тој ја основа НСДП). Кај ВМРО, пак, е тешко да се добројат сите фракции кои излегоа од партиската матица и ги основаа своите обединето-разединети, народни, демократски, изворни, нови, стари, десни и најстаро-најнови партиски „иверки“. , читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Да живеат обединителите!“

На крајот сакам да напоменам дека и СДСМ и ДПМНЕ по поминати 30 години од воведување на политичкиот плурализам останаа строго централизирани и се водени од култот кон лидерот. Поради длабоко всадената поданичката политичка култура кај најголем број од членството и населението, сѐ зависи од политичките лидери, од нивната добра волја и од тоа колку сте им симпатични или антипатични. Сѐ додека при селекцијата на партиските лидери и кандидати за разни функции (на партиско и државно ниво) не се применува пристапот „оддолу па нагоре“, сѐ дотогаш ќе имаме практикување на мек или потврд партиски и државен авторитаризам, односно привидна внатрепартиска и демократија на ниво на држава. Партиските собири од највисоко па до најниско ниво мора да бидат легитимен и легален израз на волјата на партиското членство, а не да бидат театарски сцени на кои се практикува привидна демократија, односно мек авторитаризам завиткан во чоколадна обланда, пишува Јове Кекеновски во колумната „ Сдсмовска и дпмнеовска демократија“

Реториката е остра. Рускиот претседател, Владимир Путин, вели дека нема да дозволи проширување на НАТО до неговите граници, а американскиот претседател, Џо Бајден, се повикува на правото на секоја суверена држава, вклучувајќи ја и Украина, да стапува во сојузи и да гради партнерски односи со кого сака и Русија тоа не може да го спречи. Во меѓувреме, Русија распореди огромен воен потенцијал вдолж границата со Украина, а разузнавачите од Пентагон, врз основа на сателитските снимки, предвидуваат дека Русија може да изврши агресија врз Украина во јануари, 2022. Слични предупредувања доаѓаат и од украинскиот дипломатски и воен врв, анализира Александар Николиќ Писарев во колумната „ Дали Америка и Русија ќе влезат во војна поради Украина?“

Д. Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ