Categories

ВРСКИ Нема законско прекршување во изборот на Нури Бајрами за член на Антикорупциска

Министерката за правда Рената Дескоска, во изборот на Нури Бајрами за член на Државната комисија за корупција, баџанакот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, не гледа ништо спорно или против законски.

Според неа самиот процес поминал трансарентно и според пропишаните законски одредби, Она што останува, како што рече Дескоска одговарајќи на новинарско прашање поврзано со овој случај, е ДКСК да си ја врши работата професионално, чесно и онака како што налага новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси.

Свој коментар за проблематичната родбинска врска меѓу Бајрами и Џафери имаше и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. Како што изјави Манчевски, јавноста навреме требала да реагира, а самата ДКСК треба да одлучи дали има судир на интереси или не.

Според ранг листа на пријавените кандидати за членови на ДКСК, Бајрами беше на 4 место со 93, 57 бода.

ДКСК во нов состав има и нови, зголемени ингеренции, согласно новиот Закон за спречување на корупција. Во нивна надлежност се јавните набавки, финансирањето на политичките партии за време на изборите и следење на изборниот процес.

Б. Ј.

Print Friendly, PDF & Email