На конференцијата „За општество ослободено од корупција“ која ја организираше ЦИВИЛ – Центар за слобода, Маријан Ненов од Но-пасаран, корупцијата ја спореди со една бактерија.
„Корупцијата ја има насекаде, но ја забележуваме кога ќе се размножи и кога ќе почне да ни смета. Корупција има затоа што во судството се намножија многу бактерии. Дури и власта вели не може да се мешаме во судството. Спасот ни останува само уште во Обвинителство. Дали имаме наши храбри луѓе во обвинителството што ќе заземат став или треба од надвор да донесеме“, истакна Ненов.
Тој се осврна дека властите ги кријат вистинските загадувачи на воздухот на сметка на возачите и домаќинствата.
Дехран Муратов
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Бињана Јордановска