• Latest

Нервозен ден во Собранието, иницијатива за гласање недоверба на владата, германските социјалдемократи со порака до Заев, Реџепи не го става својот потпис до оној на Апасиев

November 8, 2021

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Нервозен ден во Собранието, иницијатива за гласање недоверба на владата, германските социјалдемократи со порака до Заев, Реџепи не го става својот потпис до оној на Апасиев

November 8, 2021 17:24
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Нервозен ден во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива за гласање недоверба на владата, калкулации со бројките и поддршката

ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците/Алтернатива, Беса и Левица денеска во Собранието на Република Северна Македонија поднесоа иницијатива за гласање недоверба на Владата. Ова на прес конференција го соопшти потпретседателот на ВМРО –ДПМНЕ, Александар Николовски. Според него, оваа иницијатива ја потпишале 61 пратеник и нивните очекувања се дека претседателот на Собранието во соодветниот рок ќе закаже седница односно најдоцна до четврток.

Николоски, кој цитираше дел од иницијативата, искажа уверување дека очекува недовербата на владата да биде изгласа со 61 и повеќе пратеници, и покрај ставот на пратеникот Скендер Реџепи од Алијансата за Албанците, кој претходно за ТВ Алсат-М изјави дека неговиот потпис нема да стои до оној на Апасиев.

Иако Николоски изјави дека неговата партија е во преговори за поддршка од уште неколку други пратеници, се уште оваа иницијатива ја придружува голема неизвесност која ќе трае до четврток, кога пратеничкиот состав ќе се изјаснува по иницијативата.

Николоски не одговори директно на прашањето дали неговата партија се согласува со програмата на Левица.

ИЗЈАВИ ШТО ГО ОДБЕЛЕЖАА ДЕНОТ

Реџепи: Мојот потпис нема да стои до оној на Апасиев

„Кога ја составувавме таа листа, Левица не беше дел од неа. Не прифаќам мојот потпис да е дел од списокот заедно со потписот на лидерот на Левица. Не го добивме мандатот да им служиме на антиалбанските каузи“, изјави Скендер Реџепи од Алтернатива

„Пратениците прво се уверија дека Левица не потпишала, туку дека ЛДП, БЕСА, ВМРО и ние ќе потпишеме. Во духот на ова, ДА, се согласив да го дадам својот потпис и секогаш ќе го давам, секој потпис кога злото за Албанците наречено ДУИ ќе мора да си замине, но не по секоја цена. Ставот на Алтернативата е и отсекогаш бил таков што не се осмелуваме да се идентификуваме со антиалбански политички субјект. Не го дозволувам ова во мојот живот, за ниедна цена да се оцрни мојот семеен идентитет“, изјави Реџепи за Алсат.

Нилс Шмит, пратеничка група на германските социјалдемократи: Заев да остане премиер и партнер на ЕУ

„И покрај направените компромиси, во прв ред промената на името на земјата, тој не успеа, не по негова вина, да направи значителен напредок кон процесот на проширување на ЕУ. Јас лично посакувам Зоран уште еднаш да размисли за својата одлука, и барем да остане на функцијата премиер и партнер“ – изјави денеска за „Дојче веле“ надворешнополитичкиот гласноговорник на пратеничката група на германските социјалдемократи Нилс Шмит.

Заев: За пуста желба за власт биле спремни државата да ја носат низбрдо, а народот да страда

„За пуста желба за власт биле спремни државата да ја носат низбрдо, а народот да страда. Овие денови сведочиме загрозување на Договорот од Преспа, на Договорот за добрососедство со Бугарија, на Охридскиот рамковен договор, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите“, објави премиерот Зоран Заев, откако ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива во Собранието за гласање доверба на Владата.

ЦИВИЛ со осуда на секој облик на креирање и ширење дезинформации и омраза по било која основа и на било кој начин

ЦИВИЛ излезе со соопштение во кое се осудува секој облик на креирање и ширење дезинформации и омраза по било која основа и на било кој начин.

„Лицата на јавни функции или на одговорни позиции во општеството или администрацијата, јавните личности и политичарите имаат обврска да бидат посебно внимателни во своите јавни настапи, без оглед на тоа дали се работи за приватен профил на социјалните мрежи или друг вид јавна комуникација“ – изјавија од ЦИВИЛ.

Организацијата остро го осудува секој облик на креирање и ширење дезинформации и омраза по било која основа и на било кој начин.

ФЛЕШ ВЕСТИ

СОБРАНИЕ Претседателот на Собранието, Талат Џафери закажа седница за гласање доверба на Владата на нашата земја, во четврток (11.11.2021), во 11.00 часот, информираа надлежните.

ПРАВДА Од Основното јавно oбвинителство на Република Северна Македонија денеска информираа дека нивните службеници од тетовското обвинителство се уште работат на предметот отворен поради пожарот во модуларната болница на 8 септември во Тетово, при што животите ги загубија 14 луѓе.

СОЦИЈАЛНА ПРАВДА Сојузот на синдикати на Македонија бара од пратениците веднаш да ги усвојат сите законски решенија кои се заглавени во Собранието, а се однесуваат на остварување и унапредување на работничките права.

ПОРАКА “Јас лично посакувам Зоран уште еднаш да размисли за својата одлука, и барем да остане на функцијата премиер и партнер“ истакна надворешнополитичкиот гласноговорник на пратеничката група на германските социјалдемократи Нилс Шмит.

ГОВОР НА ОМРАЗА Хелсиншкиот комитет за човекови права, во соопштение до медиумите реагира на игнорирањето на говорот на омраза и неговите последици, отсуството на процесирање на ваквите случаи и речиси непостоечката судска пракса на ова поле, што директно ја овозможува неговата ескалација во чувствителни општествено-политички моменти.

ЕДИТОРИЈАЛ

„Овој јуриш кон позициите на централната власт испадна покомплициран од тоа што го замислуваа жедните за власт. Опиени од успехот на локалните избори што, според бројките, не ги добија, туку СДСМ ги изгубија, тие полека се соочуваат со реалноста.

Мицкоски е растргнат. На едното рамо му натежнале три албански партии со кои сличноста завршува само кај жедта за власт, но без кои не може ни да замисли ваков поход на власта. На другото рамо му чучи непријатниот мал приврзок, радикално десничарската Левкица – радикално неспособна да се смири и да дејствува разумно и нормално.“, пишува Џабир Дерала во едиторијалот под наслов „Среде заглушувачката врева од испуканите балони“.

ДИСТРИКТ

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио интервју на Зоран Иванов со Ване Цветанов, директор на Советот за унапредување и надзор на ревизијата.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Зелената политика е многу скапа, но несомнено вреди. Таа бара доследност, сериозна посветеност, големи инвестиции и одржување на тие инвестиции во живот. Град Скопје на пример, заедно со раководствата на скопските општини во изминатите 4 години инвестираа во неколку зелени покриви (ГТЦ, Дом на градежници…), вратија во живот неколку асфалтирани тротоари на големите булевари со садење убави дрва, неколку запуштени градски локации преуредија во мали паркови, но прашање е дали овие раззеленети урбани катчиња ќе се негуваат и понатаму“ – пишува Слаѓан Пенев во колумната „Доследните зелени политики се скапи, но исплатливи“.

„Желни за фотелјата и помалите партии кои се дел на власта и тие од опозицијата заедно со поголемата опозициска партија и една анти-сè партија. Е ваква коалиција не сме имале досега во историјата на независноста на Република Северна Македонија, за која  не се согласуваат многумина, дури веднаш почна со повлекување на потписи ставени за иницијативата “да ја срушиме Владата на Заев” – пишува Сафит Зеќири во колумната „По изборите“.

„Конечно, опозицијата побрза, јавајќи на моментниот „висок бран“ на локалните изборни резултати, да се пофали со ново мнозинство во Собранието. Власта, со право, сега вели повелете, да гласаме, па да видиме дали го имате или не. Заев дури сега не треба да брза со формално поднесување на оставката во собраниска процедура, бидејќи иницијативата доброволно ја презема опозицијата“ – пишува Сашо Орданоски во денешната колумна „Дојди зло, оти без тебе уште позло!“.

Д. Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ