Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги повика Обединетите нации да ги евакуираат трупите во нивните мировни сили Унифил од борбените области во Либан.
Нетанјаху рече дека војската постојано барала од ОН да ги евакуираат војниците, додавајќи дека нивното присуство во областа ги направило заложници на Хезболах.
Претходно оваа недела, израелските војници пукаа врз седиштето на ОН во јужен Либан, при што беа повредени двајца мировници по втор пат во исто толку дена.
Во саботата, Обединетите нации објавија дека уште еден мировник бил повреден од истрели во јужниот дел на земјата, пренесе Гардијан.