Како поминуваат годините и како стекнувам животно искуство во овој свет и во оваа земја се повеќе ги преиспитувам одлуките, размислувањата и вредностите кои сум ги наследил од родителите, односно од генерациите кои биле пред мене. За да можам да ги разберам нив, прво морав да го сфатам времето од кое доаѓаат тие, во кое се родени и пораснале.
Моите родители доаѓаат од таканаречена Baby Boomer генерација. Тоа се генерации кои се родени во времето на глобалниот економски процвет. Што се однесува на ова наше поднебје, било тоа за време на Југославија, во време кога државата работела се. Нашите баби и дедовци работеле, додека државата потполно водела сметка за се. Училиштето било на трошок на државата, здравството исто така, се се слeвало во државата, додека државата “се грижела“ за луѓето.
Не било важно кое училиште ќе завршиш, работата ти ја обезбедувала државата, а ако не сакаш да се школуваш, пак државата се ќе направи. Можеш да работиш како келнер во фабрика, или како водоводџија во фабрика за автомобили. Ти само треба да сакаш да работиш, но и не мораш. Можеш да одиш на работа, баш и не мораш многу да работиш. Таа иста фабрика вработува над 200 водоинсталатери, а реално се потребни 10. Нека работат другите 10, ти не мораш. Ти ќе работиш после работата, ќе поправаш по куќите, користејќи од материјалите кои си ги земал од фабриката. Што ти е гајле? Државата има “обврска“ да ти обезбеди работа.
Сето ова звучи како идеален систем, долгорочно одржлив. Никој не се грижи за профитот, за работата, се некако се работи, но државата стои зад се. Луѓето се одрекле од секаква одговорност, а со тоа и многу слобода, сепак тоа не звучи неслободно, зарем не?
Во секој случај, растеле во едно едноставно време, кога се “можело“. Сепак, која цена е платена за тоа?
Цената за нивната тогашна благосостојба е тоа што станале потполно пасивни, цел живот очекувале “државата“ или “фирмата“ или некој трет нешто ќе направи, секогаш некој друг да има обврска да се грижи за нив, секогаш некој друг да е одговорен што на нив им е лошо.
Резултат на сето тоа е што имаме потполно неупотребливи генерации. Знам дека многу од Вас сега се лутата, секој за себе мисли дека не е дел од ова, но генерализацијата е намерна во овој случај.
Секако постои повод зошто ова го пишувам. Не се работи за просто разбирање на претходните генерации, поради помирување. Тука се работи за револуција, за бунт, затоа што се почесто има впечаток дека “Baby Boomer“ стојат на патот, бидејќи не разбираат (или не сакаат да разберат) светот во кој живееме и сакаат повторно да не сведат на критериумите кои нас не донесоа во овие неславни времиња.
Јас ја разбирам генерацијата која излегла од војната, кои за своите деца сакале сигурност која тие не ја имале. Тие морале да создадат нешто од речиси ништо, па препуштиле на државата да се грижи за се друго.
Она што не разбирам како тоа наредните генерации не превземале ништо благосостојбата да се одржи. Секако криви се Американците и Русите или кој знае кој, но факт е дека не се.
Генерацијата пред нас беше толку себична, бидејќи се им е било дадено, мислеле дека тоа никогаш нема да престане. Ја прифатиле благосостојбата здраво за готово, бидејќи со пот и крвта не создавале, па им било лесно евтино да го распродадат.
Ете тука сме сега. Генерацијата на нашите родители не била способна или не сакала да сочува и унапреди добро време, па не дочекаа грозни времиња.
Размислите за времето во кое ние сме се родиле.
Од кога сум родeн сум променил минимум четири држави, а ниту еднаш не сум ја променил адресата. Војни, колони со бегалци. Редови за леб, хиперинфлација, немаштијата и бедата се моите први спомени за светот во кој сум се родил. Демократските диктатури, корупцијата, партократија, лекари во “плик“ и шалтери на кои ништо не се звршува и никој во суштина не работи, се само еден од грдите делови на моето секојдневие во последните 30 години.
Прифатена е состојбата дека судовите ни се контролирани од страна на една партија, а дека претседателот е се и сешто. Ова е веќе кој знае кој претседател на државата чие семејство се богати, додека народот е се победен.
Само погледнете што ни направи претходната генерација!
Затоа што постојано очекуваат државата да им даде се, тие одат и послушно гласаат за секој кој им ветува нешто. Оние кои не го разбираат светот околу себе сега сакаат да го поправаат и да се борат, но на крајот секогаш го покажуваат вистинското лице на својата себичност и се зачленуваат во партија за да добијат работа. Состојбата да биде уште полоша тоа ни се сервира како нормален начин на живот.
Тогаш се чудат каде оди овој свет, бидејќи најмладите генерации не сакаат да се школуваат, а мерило за успех им е сексот и ријалити емисии.
Полна им е устата како ние младите не знаеме ништо, како не сме способни, како тие сега ја бранат земјата од нас и нашите погрешни идеи.
Еве ви ја, задржете ја, нам повеќе не ни треба!
Ние сите си отидовме.
Вие останете и изгаснете го светлото.
Нашата генерација се нарекува изгубена или губитничка, бидејќи не ги делиме истите вредности како нашите претходници.
Да Ви кажам нешто за нашата изгубена генерација. Ние сме генерација на гладните. Гладни сме за успех и убав живот. Ни досади некој постојано кривицата да ја префрла на друг за сите проблеми. Секогаш е некој друг крив, но факт е дека сме ја наследиле куќата која нашите дедовци ја направиле, а нашите татковци едвај еднаш ја варосале. Нашите татковци јадеа кисело грозје, а на нас ни трнат забите. Ние сме генерација која памети како нашите родители во деведесеттите биле ултра националисти, како во двеилјадита биле демократи и европејци, а како денес земаат членска книшка во име на грижата за нас.
Ние се грижиме за иднината. Свесни сме дека нашата татковина ако продолжи да се уништува поради таканаречениот прогрес, нема да имаме што да предадеме понатаму. Нема да имаме здрава земја од која ќе ги раниме нашите деца, нема да имаме вода да им дадеме да ги напоиме. Нашите деца можеби никогаш нема да дознаат каков е вкусот на свежата риба или на свежото месо. Ние се плашиме од иднината и се плашиме дека нашите деца ќе не гледаат и нас ќе не оптужуваат, како што ние сега мораме вас. Ќе не прашуваат зошто ова сме го работеле, а ние ќе можеме само да кажеме дека не сме можеле да спречиме.
Генерацијата пред нас не ја занимава иднината, тие само сакаат да се вратат на минатото. Во тоа минато тие немале никаква одговорност, никаква грижа. Се било решено, ништо не морале тие да решаваат. Тие никогаш не биле научени да создаваат, не биле научени да ги решаваат проблемите, бидејќи проблеми немало. Не се тие криви, никогаш не научиле дека времињата можат да бидат лоши.
Сега одеднаш мораат да решаваат проблеми, да создаваат, да обновуваат, но они би сакале само да се вратат таму каде се било нерешено. Затоа гласаат, го бираат оној кој ништо од нив не бара, кој само бара послушност. Тоа им е познато, тое е комфорно и затоа самите себе се лажат дека им е подобро или ги прифаќаат ветувањата дека ќе им биде подобро.
Затоа тие се неупотреблива генерација. Жал ми е што можам да кажам, но се плашам дека историјата ќе покаже дека сум во право.
Од друга страна ние сме непослушна генерација. Ние сме генерација на луѓе кои не прифаќаат тоа што старите зборуваат, бидејќи сме свесни дека нивното резонирање не доведе до тука. Ние сме генерација која работи. Некои од нас со 30-тина години имаат над 10 година работен стаж. Од почеток сме свесни дека немаме и дека мора да грабаме и дека за се се бориме, бидејќи генерално ништо не ни е дадено, освен проблемите. Ние сме генерација која единствено што знае е како е тоа да се нема. Ние не сме имале се што имале нашите врсници од светот или нашите родители во наши години.
Гладни сме, желни за се и бескомпромисни. Многу работи би можеле да направиме, само треба претходната генерација да се тргне. Направивте што направивте.
Вие сами сте го создале светот во кој живеете, ама ние нема да ви дозволиме и нашата иднина да ја претворите во бесрамна кал.
Вашата генерација е губитничка, бидејќи сте го прокоцкале се она што било пред вас, а нашата е победничка само поради фактот дека сме преживеален во овој свет кој за нас сте го создале.
Ние сме бесни затоа што сме туркани на страна, притискани, поклопувани и прогласени за неподобни. Не сакаме да бидеме како вие, не сакаме да бидеме послушни и пасивни.
Она што сакаме е револуција. Не револуција против власта или таму против некој претседател. Ние сакаме револуција против вашите вредности, против пасивноста, против послушноста. Не сакаме да работиме за државата, ниту таа да работи за нас. Сакаме да не остави на мир и да си ја работи својата работа. Сакаме судови кои не служат на партијата, ниту на претседателот или кралот. Сакаме полиција која ќе ги затвора крадците и убијците, а не политички неподобните. Сакаме партијата на власта да не ги краде податоците од ПИОМ за да не им испраќа писма на пензионерите.
Но тоа не можеме да го направиме се додека општеството го води генерацијата на луѓе кои оваа состојба ја создадоа. Јас не го гледам Вучиќ и неговата булумента како пример туку како последица на вашата недораснатост да се носите со проблемите. Вие секогаш барате решение од власта и државата. За времето на Тито ви е било добро, па вие сакате уште еден Тито. Но Тито ви одземал се и многу доцна се покажало дека немате ништо.
Тргнете се додека се уште можете, бидејќи ова може да се заврши на два начина и ниту еден нема да ви се допадне.
Првиот е мојата генерација конечно да се подигне на нозе како никогаш досега и тогаш ќе ве прегази и осуди за ваквата состојба, а таа пресуда нема да биде нежна и благонаклона.
Другото сценарио веќе се одвива, а се завршува така што ќе останете сами во оваа куќа која се распаѓа ако го угасите светлото. Децата ќе ве презираат додека бркаат кариери во некои странски држави, додека внуците нема да го зборуваат вашиот јазик и за нив ќе бидете само покретна слика на скајп.
Пред да го завршам текстот, пак апелирам ова никој лично да не го сфати. Луѓето не можат баш вака да се генерализираат, бидејќи има и добри и лоши од сите страни. Познаваме многу луѓе од оваа “родителска“ генерација, кои ме научија на ваков начин да преиспитувам се, а познавам и многу од мојата генерација кои се неупотребливи тумруци. Сепак, она по што генерацијата на нашите родители ќе биде запаметена во историјата ќе биде таа пасивност и неспремност да се носат со новото време, што предизвика лоша состојба во која живееме. Мојата генерација ќе биде запаметена по тоа што ќе направиме од оваа.
Ако историјата не учи на нешто тоа е следното:
Лошите времиња создаваат силни луѓе.
Силните луѓе создаваат добри времиња.
Добрите времиња создаваат слаби луѓе.
Слабите луѓе прават лоши времиња.
Не знам дали коцката падна на мојата генерација да биде јака, ама знам дека лошите времиња ќе потрајат ако не бидеме. Прашање е само дали добрите времиња ќе ги создаваме овде или под сонцето на туѓото небо, па макар тоа и да не греело така силно.
Најверојатно секој народ талка во пустината понекогаш. Најверојатно е потребно да изумрат оние кои паметат подруг живот, како оние кои доаѓаат би имале шанси за подобро.
Преземање на содржините објавени овде e ЦЕЛОСНО ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.