По повод Денот на толеранцијата, женската хуманитарна организација Inner Wheel Клуб Скопје Еуропеа, организираше дебата на тема „Родова еднаквост: Ние и вие – рушење на стереотипи!“, на која учествуваа професорката Ана Мартиноска, Џабир Дерала, ЦИВИЛ и Снежана Лупеска Созен, новинарка и истражувачка.
Во вториот дел од настанот како гости учествуваа три дами во „машки“ професии, младата Зорица Петрова, прва жена лиценцирана машиновозачка, Билјана Денчевска, првата пожарникарка и професорката и архитетка Јасмина Атанасова, првата и единствената дипломирана оџачарка.
„Рефлексијата на стреотипите оди и во широчина или длабочина, ја гледаме и во образованието, медиумите, културата, во сите сфери на општеството и за жал, ја наследуваме низ генерациите. Денеска во 21 век, ние повторно биеме некои битки што нашите баби мислеле дека ги завршиле – жените на нивното работно место, жените и нивното репродуктивно здравје, пристапот кон легален и безбеден абортус… Од моето искуство со младите мислам дека е главно да ги разбереме стереотипите и кога ќе знаеме со што се соочуваме лесно ќе ги кршиме и ќе се охрабриме да чекориме напред“, изјави професорката Мартиноска.
Таа посочи дека женските и „машките“ професии е смешна поделба, а од исклучива важност е видливоста во јавноста на жени кои се инволвирани во тие „машки“ професии. Според Мартиноска, сепак, не завршува сè со изборот на професија.
„Жените се соочуваат со многу предизвици, балансот меѓу работата и приватниот живот, традиционално со родови улоги, со потребата да бидат супер жени и насекаде да се докажуваат и на себе го носат товарот на она што во феминистичката култура се нарекоува втора смена: таа ќе биде во „машка“ професија, но дома ги чека „женската“ професија во кујна“, рече меѓудругото Мартиноска порачувајќи дека најважна е слободата на избор.
„Според мое лично убедување институциите се виновни за лошата сосотјба на женските права или сосотјбата на жените. Ако ги погледнете институциите во нашата земја, како во претходните години, па дури и сега, ќе видете дека од 81 човек кој држи градоначалничка позиција, имате само 6 жени, од 120 пратенички и пратеници само 43 се жени, а зборуваме за 50-50 застапеност, зборуваме дека во нашата земја се 51 % жени, според еден древен попис што го имаме. Зборуваме за тоа дека во институциите од над 1.300 што се во системот на државата имаме неверојатна мала застапенот на раководни позиции кои ги држат жени. Не е можно да имаме вакви аспирации и таква назадна позиција и практика. Тоа е нешто што секој ден треба да го алармираме и истакнуваме и како активист(к)и и како новинар(к)и и сите други профили“, истакна Џабир Дерала во своето обраќање.
Дерала посочи дека носители на стеротипите кои се однесуваат на жените во најголем број се всушност жените., кои се согласуваат и го носат бремето и го наметнуваат на другите во совјатао колина, почнувајќи од своите деца претворајќи ги во жртви на стеротипите.
„Не велам дека се одговорни и виновни за тоа, повторно машкиот свет и институциите имаат влијание,културата, обраованието вго прават такво општеството што жените стануваат најжестоките носители на стереотипи“, изјави Дерала.
„Она што ме возбудува, не само како новинарка, туку и како и новинар е колку бавно се менуваат работите во ова општество… Драго ми е што едни нови генерации, кои се надевам дека поинаку ги воспитуваме и поинаку разлзмислуваат се овде присутни. КОга сме кај стереотипите јас ќе споделам едно лично искуство. Моето второ презиме е Созен. Мојот маж е Турчин. И нели ние во Македонија за сè што не чини велиме абе 5 века турско, тоа не се искоренува така. И мислам дека тоа 5 века турско важи и во родовата еднаквост. Демек, нас ни е менталитетот таков, така останало, ние не можеме да се смениме во оваа 2019 година. Морам да признаам дека не е така… сакам да кажам дека сè е индивидуално во пристапот, меѓутоа општеството го правиме сите ние. Ја земам Труција како пример, затоа што жените во семејството, таму, навистина знаат да кренат глас, да бидат гласни, а осбено во постарите генерации жените имаат навистина голем авторитет во однос да се слушне нивнот мислење“, изјаив Лупевска Созен.
Таа додаде дека ние сами си ги наметнуваме стеротипите, барајќи нешто во минатото како причина за тоа однесување.
Настанот го модерираше новинарот и активист Огнен Јанески.
Клубот Inner Wheel Клуб Скопје Еуропеа постои од 2016 година и брoи 18 членки, секоја успешна и докажана во својата професија и досега спровеле голем број на хуманитарни акции.
Биљана Јордановска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети