Илија Николовски, претседател на Партија на пензионерите, на конференцијата „За општество ослободено од корупцијата“, што се одржа на 6 декември, се согласи со претходните говорници дека е тешко општеството да се ослободи од корупција и дека треба да се бориме за да ја доведеме корупцијата до подносливи рамки.
„Корупцијата е такво зло со кое тешко може да се бориме, зло кое може да опстане во најтешки услови и сериозно ја загрозува, заедно со организираниот криминал, безбедноста на државата. Ние го имаме случајот со 27 април, случајот со кумановските настани и многу други настани во Македонија кога имаме една корумпирана власт и со таа нивна корумпираност, беа подготвени да извршат и државен удар. За жал, сѐ уште не се откриени нарачателите, идејните творци, организаторите, итн… “, рече Николовски.
Николовски додаде дека нема корупција и организиран криминал ако не се вклучени највисоките државни органи, полицијата и царината. Тој го изнесе своето тврдење и дека, всушност, во полицијата се наоѓа најголемиот криминал во Република Македонија.
„Нема пора, нема сфера во општествениот живот во Македонија каде што нема корупција. И најголемата мафија не може да излезе со најслабата држава во светот на крај, ако во државата има политичка волја да се справи со неа“, додаде Николовски.
Ангела Петровска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Биљана Јордановска