• Latest

Николовски: Сашко Николов е олицетворение на чесната понуда на СДСМ за овие предвремени локални избори

November 22, 2020
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Стармер ќе се бори против обидите за негова замена како лидер на Лабуристичката партија

November 12, 2025
Војниците на ИДФ дејствуваат на источната страна од Жолтата линија во Кан Јунис во јужна Газа, на фотографија од брошурата објавена на 9 ноември 2025 година. Фото: ИДФ

Кушнер и Нетанјаху сè уште бараат решение за застојот со терористите на Хамас во тунелите во Рафа

November 12, 2025
Демонстрантите се судрија со обезбедувањето на местото на одржување на COP30 во Бразил. Скриншот од видео на ВВС

Домородни демонстрантите упаднаа на COP30 во Бразил носејќи транспаренти „нашите шуми не се на продажба“

November 12, 2025
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Николовски: Сашко Николов е олицетворение на чесната понуда на СДСМ за овие предвремени локални избори

November 22, 2020 15:16
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сашко Николов е олицетворение на чесната понуда на СДСМ за овие предвремени локални избори во Општина Штип, порача на денешната прес-конференција во Штип, генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски. Забележа дека нивниот кандидат за градоначалник изминатите години се профилираше како млад и квалитетен кардиолог, основач на штипскиот Оддел за интервентна кардиологија.

– Во краткиот период додека ја извршуваше функцијата пратеник во Собранието, Николов покажа како се работи посветено и одговорно во интерес на граѓаните и државата. Немаме сомнеж дека така ќе продолжи и како градоначалник, посветено да работи во интерес на Штип и неговите граѓани, вели Николовски.

Тој ги повика граѓаните на Штип на 13 декември да излезат и да гласаат на своите избирачки места, а уверува дека ќе бидат безбедни по здравјето на граѓаните.

–Да не дозволиме центарот на Истокот да застане. Во изминатите три години СДСМ покажа што значи вистинска грижа за граѓаните на Штип. За тоа говорат бројните реализирани проекти: детска градинка, мост со обиколница, кружни текови, паркинг платформа, нови патишта, над 50 улици, нови тротоари, над 12 километри водоводи и канализации, реконструкција на сите училишта, на четири спортски сали, филтер станица. Во тек е огромен и значаен проект за изградба на браната на река Отиња, покриен базен, започнува изградба на градскиот стадион. За тоа говорат и политиките на СДСМ кои се важни за овој работнички град, како што се зголемување на минималната плата, порастот на просечната плата, проектите за враќање на парите назад кај граѓаните, рече Николовски.  

Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Сашко Николов порача дека неговата мисија е Штип да се  развива во модерен, европски, еколошки, безбеден град со еднакви можности за сите, а како што вели оваа мисија е почната пред три  години.

-Во главниот фокус на мојата програма е инфраструктурата, а истовремено и обезбедување на еколошки здрава и чиста животна средина, грижа за сите граѓани подеднакво, подобри услови за учениците во училиштата, за најмалите во градинките, како и грижа за нашите највозразни сограѓани, пензионерите. Имаме визија, имаме цел и ќе ја оствариме. Забрзано ќе работиме драстично да ја намалиме разликата помеѓу градските и руралните средини во однос на инфраструктурата, вели Николов.

Посочи дека ќе следува реконструкција на крстосница во населбата Сењак, помеѓу улиците „Сремски фронт“ и „Борис Крајгер“, како и на улиците „Панче Караѓозов“, „Солидарнсот“, „Браќа Даневи“, „Петти конгрес“, дел од булеварот „Партизанска“ со пари обезбедени од Министерство за транспорт и врски преку Светска банка.

-Заштитата на животната средина е проблем за кој штипјани бараат решение и тоа ќе го оствариме. За таа цел ќе се воведе нов режим на собирање на смет за што во функција се стават пет нови специјални возила за собирање смет. Ќе се реализира и проектот за селекција на отпад- пластика и стакло со поставување на контејнери на 30 нови локации. Како и останатите поголеми градови, така и Штип се бори со намалување на загадувањето на воздухот и се стреми да стане зелен град. Во таа насока ќе се постават мерни станици кои ќе го мерат квалитетот на амбиенталниот воздухот, ќе се формира нова паркова површина во населба Сењак 3, како и на паркови површини во селата Чардаклија и Караорман, истакна Николов.

Тој додаде дека се обезбедени  средства од Владата за започнување на изградба на брана на река Отиња, проект од историска важност за Штип. Што се однесува за гасификацијата, завршени се идејниот и инфраструктурниот проект, во финална фаза е основниот проект.

-По завршување на постапката која ја води Владата, ќе се пристапи со изградба на 20 километри гасоводна цевка до Штип. Со цел безбедност на граѓаните и растоварување на сообраќајот и подобар проток, на левата страна од река Отиња ќе изградиме пешачки конзоли со средствата кои се веќе обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија и Буџетот на Општина Штип, вели Николов.

Во фокусот ќе му бидат и реконструциите на училиштата и градинките. Порача дека важно е Штип да избере градоначалник, легитимен со мандат  од граѓаните. 

Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ