Во Музејот на современа уметност вечерва ќе се одржи промоција на списанието „Големото стакло“, со почеток од 20 и 30 часот.
Списанието за прв пат е издадено во 1995 година и публикувано во 24 броеви до 2009 година. Повторното издавање на списанието во 2018, сега ‘Тhe Large Glass’ со нов концепт, како списание за современа уметност култура и теорија, означува нов почеток.
Главен и одговорен уредник на списанието е Тихомир Топузовски, а дизајнот е на PrivatePrint.
Музичкиот избор за настанот е на Теа Шалдева.
А. П.