Новоизбраната претседателка на Европската комија, Урсула фон дер Лајен побара земјите од ЕУ да и предложат по двајца кандидати за еврокомесар – жена и маж, а за тоа потврдил заменик претседателот на ЕК, Франс Тимерманс, јавува МИА.
Во текот на неделава Фон дер Лајен изјави дека новата Комисија ќе има ист број еврокомесари мажи и жени. Таа настојува државите да ги предложат најдобрите кандидати и предупреди дека ќе отфрли кој било предлог доколку утврди дека не одговара на поставените обврски.
Пред околу еден месец тогашниот претседател на ЕК Жан-Клод Јункер првпат откри дека во 2014 година отфрлил шестмина кандидати за еврокомесари, а 10 кандидати предложил сам. Тој објасни дека досега тоа никому не го кажал со цел да се избегнат внатрешнополитички последици. Јункер настојува за ограничување на бројот на еврокомесарите, што според него треба да изнесува „повеќе од 17 и помалку од 20“.
Урсула фон дер Лајен беше избрана за претседателка на Европската комисија со тесно мнозинство од гласовите, односно за неа гласаа 383 европратеници, со што таа стана првата жена претседател на Европската комисија.
На Урсула фон дер Лејен и беа потребни 374 гласови од 747 европратеници кои се во моментов во Стразбур.
Новоизбраната претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, по гласањето во Европскиот парламент, вети обединета и силна Европа.