• Latest

Новата учебна година ќе започне со строги протоколи, членството во НАТО круна на нашата 30 годишна независност, ЦИВИЛ јасно и гласно

August 30, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Новата учебна година ќе започне со строги протоколи, членството во НАТО круна на нашата 30 годишна независност, ЦИВИЛ јасно и гласно

August 30, 2021 17:28
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ Учебната година започнува со строги протоколи

Училиштата се подготвуваат за почеток на учебната година од 1 септември со физичко присуство на ученици, и за спроведување на препораките кои ги налагаат строгите протоколи за заштита од КОВИД 19 за безбедно одвивање на наставната програма.

На учениците при влезот во училиштето ќе им биде мерена температура со бесконтактен термометар, и доколку е повисока од 37, 4 степени тогаш нема да им биде дозволен влез во училиштето. Истото важи и за вработените во училиштето.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ Шекеринска: Ни даваа мали шанси за успех, но изградивме држава која стана членка на НАТО

Членството во НАТО е круна на нашата 30-годишна независност. Ни беа дадени мали шанси за успех, главната проценка беше дека бројните конфликти низ Југославија нема да не одминат, и тоа можеби ќе биде крај на државата. И затоа сметам дека е поголемо достигнувањето со сите моменти на радост и тага, бидејќи во изминатите 30 години речиси од нула формиравме институции, изградивме држава и сме посилни, a членството во НАТО е зацврстување на тој суверенитет и зголемување на нашата амбициозност во поглед на тоа каква држава сакаме да создадеме, рече денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска на конференцијата во Охрид посветена на агендата НАТО 2030 и 30-годишнината од независноста.

ЕДИТОРИЈАЛ

Јасно и гласно

Во пресрет на изборите, важно е да се разграничат областите на дејствување на сите што на било кој начин имаат влијание во јавноста. Нека биде јасно:

ИЗБОРНИОТ МОНИТОРИНГ Е САМО ДЕЛ ОД РАБОТАТА НА ЦИВИЛ

Како голема и влијателна организација, ЦИВИЛ посветува само еден дел од своите ресурси  на изборниот мониторинг. Изборниот мониторинг ни оддалеку не е единствената, а уште помалку основната дејност на организацијата која има близу илјада членови и поддржувачи и широк спектар на активности и проекти, теми и области на дејствување.

И на самата тема ИЗБОРИ, активностите и темите на ЦИВИЛ се различни: учество во изборните реформи и граѓанска едукација за правото на глас, од една страна, а изборниот мониторинг, од друга страна. Анализите и медиумското известување за изборите се нешто сосема различно од мониторингот и известувањето за изборните теми. Медиумските содржини често произлегуваат од работата на мониторинг тимот, но во суштина се различни процеси и активности’’, пишува Џабир Дерала во денешниот едиторијал „ Јасно и гласно’’.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИЗБОРИ : На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за градоначалници и советници за локалните избори закажани на 17 октомври.

АНТИВАКСЕРИ: Целосен дебакл доживеа вчерашниот антиваксерски протест пред Владата. За разлика од претходниот, кој изобилуваше со траги-комични ситуации, борба за микрофон и меѓусебни препукувања, вчерашниот протест помина во театарска атмосфера и со многу мал број на луѓе, едвај околу 100 тина.

ВИСТИНОМЕР: Вакцинираните со две дози, како и прележаните пред максимум 45 дена, не одат во изолација, иако имале контакт, велат од Центарот за јавно здравје – Скопје.

ПРАВДА: Поради тестирање за Ковид-19 на обвинителката Лиле Стефанова, одложено денешното рочиште за случајот „Плацеви на Водно“ во кое се обвинети екс премиерот Никола Груевски за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“

ЗЕЛЕНИ: Новата современа регионална депонија за Пелагонискиот и Југозападниот плански регион би се градела на еден дел од досегашниот рудник за јаглен „Суводол“ на РЕК „Битола“.

МУЛТИКУЛТУРА

#НaправиРазлика #ПочитувајГирРазличностите

„Различностите кај нас се богатство, никако не може да бидат проклетство. Нашето општество е како една овошна салата, односно колку повеќе различни овошја има толку таа е поубава, побогата, поразлична… Исто така е и во останатите салати, на пример македонската, грчката или шопската салата е поубава ако има различни зеленчуци таа е поубава. Така е и со луѓето, доколку во едно општество има различни етникуми, различни верски заедници тогаш тоа општество е поубаво и побогато“, вели Муратов.

Муратов: Повеќе различности, побогато општество

МОНИТОРИНГ

Неточна е информацијата дека Општина Карпош вцртува нови објекти за домување  кај средното училиште „Здравко Цветковски“

„Неточна е информацијата дека Општина Карпош вцртува нови објекти за домување. Напротив, локалната самоуправа направи сериозни напори и успеа да избрише четири маркици за изградба на згради. Две добиваат намена парк, а две маркици ќе бидат со намена за државни институции. За овој ДУП, помината е и јавна анкета, како и јавна презентација, како процеси кои обезбедуваат граѓанско учество при нивно донесување“, објави градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев на својот Фејсбук профил, откако на социјалните мрежи се ширеше пропаганда дека „се мунува ДУП-от за да се градат станбени згради“.

Меѓу првите што ги објави овие неточни шпекулации беше Твитер профилот „Еј Бреј @Гогиче“, инаку симпатизер на Левица, кој напиша – „Со жалење ќе ве известам дека пред заминување е запечатена судбината на Карпош“… 

КОМЕНТАР 

Големо минаре за „мали“ националисти

Лидерот на партијата Единствена Македонија, Јанко Бачев, со спонзорирана содржина на својот Фејсбук профил шири верска нетрпеливост, со тоа што ја бара довербата од охриѓан(к)и за, ако победи на локалните избори, да може да го сруши минарето на охридската Алипашина џамија.

Тој во својот пост манипулира и лаже дека:

„Единствена Македонија дојде до одлуката на Советот на Општина Охрид според која минарето требало да биде 3,3 метри. Но, НЕКОЈ под засега неразјаснети околности во тоа време ја брише запирката и минарето изникнува на цели 33 метри.

Единствено националистите и оние кои не размислуваат со сопствена глава, ќе поверуваат на ваквата лага на Бачев дека постои одлука за изградба на минаре високо 3,3 метри. Ако логично се размислува, минарето би требало да е повисоко од кровот на џамијата, нели? Кров на обична куќа е повисок од 3,3 метри, а да не зборуваме за кров на верски објект, во случајот џамија, коментира Дехран Муратов.

СЛОБОДНА ЗОНА

„ Не случајно имаме народна поговорка која вели „Ем шуто, ем боде“. Норвешка е една од 10те најбогати држави во светот и држава каде има најголема благосостојба. Но политичарите таму работат единствено за просперитетот на државата и подобар квалитет на живеење. За разлика од нашите политичари кои за задоволување на сопствено его би оделе во недоглед на нови и нови изброи без да согледаат дека процесите на блокирање и кочење на институциите не можат да донесат ништо добро’’; пишува во денешната колумна „ На локалните избори не смее да ни се случи бугарското сценарио!’’ авторот Стефан Дечев. 

За првпат во историјата на нашата земја, на локалните избори во октомври копјата ќе ги вкрстат две комплетно мултиетнички коалиции. До неодамна, ваква ситуација беше незамислива, а многу аналитичари велеа дека кога ќе се случи, тоа ќе биде вистински знак дека општеството тргнало во вистинска насока. Не во борба на етно-националистички наративи, туку во борба за вредности и решенија за вистинските, реални проблеми што ги засегаат сите граѓан(к)и на нашата земја.

Надвор од оваа борба на двете големи коалиции, на маргините и со големи шанси да доживеат дебакл на изборите остануваат политичките радикали и мразачи како Апасиев и нему сличните, кои често ги рефлектираат идеите што се одамна напуштени како деструктивни и му припаѓаат на 19 век.

Но, дали е тоа навистина така?, пишува Петрит Сарачини во својата колкумна „ Првпат на избори битка меѓу мултиетнички коалиции, шанса за општеството или „есап“ за гласови?’’

Отворањето на преговорите за членство во ЕУ во 2003 година претставување храбар и мудар стратешки чекор. Но сега кога очекувањата за балканска интеграција ослабнуваат, сегашната фарса не може да продолжи. Наместо тоа, политичките лидери мора да ја прифатат реалноста и да почнат да ги мапираат реалните привремени чекори кои би можеле да ги подобрат условите во регионот без да се напушти конечната цел.

Добра појдовна точка е иницијативата Отворен Балкан, која има за цел да ја зголеми трговијата помеѓу Албанија, Северна Македонија и Србија. Но тоа не е доволно. ЕУ треба да го преземе водството со предлагање нов аранжман, кој би вклучил понуда за членство во рамките на својата царинска унија и единствен пазар., пичува Карл Билд во својата анализа „ Опасниот балкански застој ‘’.

Д. Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ