Вкупно 7 лица се уапсени за вчерашната вооружена престрелка во Тетово, а се трага по уште инволвирани, потврди за ЦИВИЛ Медиа портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Тој не даде подетални информации за кои рече дека се очекуваат да се објават по целосното расветлување на случајот и мотивите на престрелката.
Повикувајќи се на свои, неофицијални извори, порталот PaCensurë ги објави иницијалите на 4-ца уапсени, мегу кои иницијалите на едниот од уапсените се совпаѓаат со оние на високиот функционер на ДУИ, поранешен заменик директор на УЈП.
На полицијата денеска ѝ се предале А.М., В.А., А.М. и А.И. што веднаш се земени на распит.
Инцидентот се случи вчера, по расправија во казиното „Аладин“ меѓу две групи што потоа излегле на булевар „Илирија“ и пукале меѓу себе со пиштоли и калашникови. Едно лице било рането, според сведоштвата на очевидците. Повеќе куршуми завршија во локалите, а од заскитани куршуми бил оштетен и еден автомобил паркиран во близина. За среќа, човечки жртви нема.
Според неофицијални информации, полицијата конфискувала и еден БМВ X5.
А.З.
Претходни содржини на истата тема:
Втор висок функционер на ДУИ инволвиран во оружени улични престрелки
Тројца уапсени по престрелката во Тетово
Жестоки пукотници во центарот на Тетово
Преземање на содржините е ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.