Министерството за труд и социјална политика објави јавни конкурси за поддршка на активности на здружениja за социјална заштита на деца на улица и психо – социјална поддршка на деца во социјален ризик.
МТСП најавува дека наскоро ќе објави уште два конкурса на кои ќе финансира активности поврзани со деца со пречки во развојот и со аутизам.
Целта на доставените проекти за психо – социјална поддршка на деца во социјален ризик треба да биде зајакнување на животните вештини на децата со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение, велат од МТСП, со посебен акцент на деца кои употребуваат психоактивни супстанции. Во рамки на овој проект ќе се спроведат активности за идентификација и поддршка во надминување на социјалниот ризик на децата кои употребуваат психоактивни супстанци, а ќе се овозможи и помош за совладување на образовните содржини, односно довршување на образовниот процес или доквалификација заради полесно вклучување на пазарот на труд.
Конкурсите траат 5 дена од денот на објавувањето, а крајниот рок за доставување на апликациите е до 16 часот на последниот ден на конкурсот.
Двата јавни конкурси се достапни на: http://www.mtsp.gov.mk/oglasi-izvestuvanja.nspx
Б. Ј.