ЦИВИЛ – Центар за слобода, денеска со почеток од 12 часот, во Менада, ќе додели награди на најуспешните граѓански новинарки и новинари за нивните стории објавени на проектната веб страница „Граѓански објектив“ во изминатите два месеци.
Наградените стории зборуваат за социјални проблеми, кршење на човековите права и слободи, злоупотреби и неправди, говор на омраза…
ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да учествуваат во проектот #ГраѓанскиОбјектив, и да станат дел од големото семејство на граѓански новинарки и новинари ширум светот кои, со својот активизам го менуваат општеството.
Граѓански објектив е проект на ЦИВИЛ кој им отвора можност на граѓанките и граѓаните да ги објавуваат своите стории слободно и без цензура. Проектот е финансиран од National Endowment for Democracy.