Француските медиуми и новинарски организации ги осудија нападите од страна на демонстрантите од движењето „жолти елеци” врз новинарите за време на протестите кои се одржаа оваа недела.
Медиумските здруженија повикаа за заштита на медиумските работници.
Во саботата во Франција повторно беше одржан осумиот по ред протест на движењето „жолти елеци”.
Полицијата на неколку локации во Париз, но и другите градови во Франција, повторно употреби солзавец и водени топови против демонстрантите.
Протестите во земјата во последно време се се понасилни, ширум Франција вечра пред почетокот на протестот се затовраа продавници, меѓутоа, во последно време се повеќе на мета на домнстрантите се наоѓаат новинари кои известуваат од протестите.