Categories

НАСИЛСТВО Новинарка брутално убиена во Мексико

Мексиканска новинарка Норма Сарабија е убиена на југоисточниот дел на земјата и стана шестиот новинар кој е убиен во Мексико од почетокот на оваа година, пренесуваат локалните медиуми.Новинарката била дописник на весникот Табаско ХОИ веќе 15 години и неодамна работела за други медиуми, објави весникот во извештајот за нејзината смрт.

Според првичните информации, напаѓачите од мотор во движење пукале во Сарабија во близина на нејзиниот дом во градот Имангило, а потоа побегнале од местото на настанот.

Мексико е една од најопасните земји во светот за новинарите: повеќе од 100 се убиени од 2000 година, поради бран насилство поврзано со шверц со дрога и политичка корупција. Мнозинството од овие убиства остануваат неказнети. Репортери без граници ја рангираат земјата како трета најопасна во светот за новинарите, по Авганистан и Сирија.

Во мај, новинарот Франциско Ромеро, беше убиен во еден град на карипскиот брег на Мексико, откако добил закани. Ромеро, кој беше запишан во програмата за заштита на мексиканската влада за новинари и активисти за човекови права, беше пронајден мртов во неговиот роден град Плаја дел Кармен.

А. П.

Print Friendly, PDF & Email