Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Талир” на СЈО, кој се однесува на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.
Минатото рочиште, поради отсуство на обвинетиот Леко Ристоски, беше одложено.
Во „Талир” обвинети се: Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања” и „перење пари”, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари”. За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.
Тие се обвинети дека незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.