Новото министерство за политички систем и односи меѓу заедниците влезе во Собрание

Предлогот за укинување на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и формирање на ново министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, влезе во собраниска процедура.

Оваа министерство ќе се формира со измени на двата закони, Законот за влада и Законот за организација и работа на органите на државната управа, кои се 14 и 15 точка на дневниот ред. Овој предлог е поднесен од пратениците на парламентарното мнозинство.

Еден ден предходно, за оваа тема имаше и размена на обвинувања меѓу вицепремиерот Хазби Лика и неговата матична партија ДУИ. Лика кој раководи со секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор обвини дека не бил ниту консултиран ниту имформиран за оваа одлука и побара партиска дебата за истата. Неофициално се очекува Лика да остане без функција од моментот на гласање на законот, а за негов реизбор на чело на новото министерство ќе треба дополнително да се одлучува.

Засега сè уште не се знае дали ДУИ ќе раководи со новото министерско место или ќе му се додели на некој од другите владини партнери.

Арбен Зеќири