Средновековните ѕидови на манастирот се маскирани со маскирна мрежа. Гнездата со митралези се распоредуваат во дворот под развеано руско знаме. Топови поставени на оклопни возила го чуваат планинското место каде порано се паркирале автобуси за патување – пишува Њујорк Тајмс.
Двајцата свештеници во црно кои се појавуваат се меѓу последните Ерменци во овој регион.
„Ние не ја оставаме портата без мировниците“, рече еден од нив, архимандритот Григоријан, покажувајќи кон руските мировни војници со камени лица, со кои сега живеат свештениците.
Илјадници Ерменци избегаа, а илјадници други загинаа минатата есен во жестоката војна на Азербејџан против Ерменија за спорната планинска територија на Нагорно Карабах и неговата околина. Манастирот Дадиванк, туристички магнет пред една година, сега е на падината каде што има изгорени куќи и е единственото место кое Азербејџан го окупира и каде што се знае дека останале мал број Ерменци.
Гратчето Шуша е едно од точките на раздорот. Тоа се смета за гнездо на азербејџанската музика и поезија во 19 век, но и Ерменците го сметаат за јадро на нивниот историски идентитет.
Остануваат нагазните мини и тензиите во Нагорно-Карабах.