Categories

ИЗМЕНИ Објавен е новиот предлог-закон за абортус

Министерството за здравство го објави текстот на новиот предлог-знакон за прекинување на бременоста во    кој се вели дека таа е посебна медицинска интервенција за која слободно одлучува бремената жена.

Според предлог-законот прекинувањето на бременоста, прекинот може да се изврши до истекување на дванаесеттата      гестациска недела, со писмена согласност од бремената жена.

Доколку, пак, бремената жена е малолетна или е лишена од деловна способност, прекинувањето на  бременоста   може да се изврши до истекување на дванаесеттата гестациска недела, со писмена согласнот од  родителот или   старателот.

Прекинувањето на бременоста по истекот на дванаесеттата гестациска недела може да се изврши во следните случаи:

-кога врз основа на медицински индикации ќе се утврди дека бременоста претставува опасност по     животот или ќе доведе до тешко нарушување на здравјето на жената за време на бременоста,     породувањето или по породувањето;

-кога врз основа на научни сознанија може да се очекува дека детето ќе се роди со тешки телесни или   душевни недостатоци;

-кога до зачнувањето дошло во врска со извршување на кривично дело: силување, обљуба врз немоќно   лице, полов напад врз дете, обљуба со злоупотреба на положбата или родосквернавење и

-кога ќе се утврди дека во текот на бременоста или по породувањето жената би можела да дојде во тешки,   лични, семејни, материјали или други прилики што ќе имаат одраз врз нејзиното здравје.

Што се однесува до постапката за прекинување на бременоста се обезбедува почитување на достоинството на  бремената жена, на правата на приватност, информираност, прифаќање и одбивање на медицинска  интервенција и информација, доверливост на личните и медицинските податоци согласно прописите за  заштита  на правата на пациентите.

Прекинување на бременоста се врши согласно стручното упатство за безбедно прекинување на бременоста  донесено согласно прописите за здравствената заштита.

Пред прекинување на бременоста докторот ја информира жената за постапката за прекинување на бременост, што може да очекува за време на прекинувањето на бременоста и по завршувањето, за методите за   контрацепција пред и по спроведувањето на прекинувањето на бременоста на начин разбирлив за жената за да   може да донесе одлука и да даде информирана согласност.

Информациите и советувањето од ставот треба да се непристрасни, објективни и медицински веродостојни  согласно стручното упатство.

Прекинувањето на бременоста може да се изврши и по дванаесеттата до дваесет и втората гестациска недела  од бременоста по барање од бремената жена. Пред прекинување на бременоста докторот може да побара  мислење од друг доктор специјалист од соодветна област на медицината.

За прекин на бременоста по дваесет и втората гестациска недела одлучува првостепена комисија за  одобрување на прекинување на бременоста. Бремената жена поднесува барање за прекинување на бременоста   писмено до првостепената комисија.

Новиот предлог-закон следува пет години по носењето на рестриктивниот закон за прекин на бременоста кој   беше донесен во 2013 година по брза постапка, без претходна консултација со експертската јавност, женските   граѓански организации и останатите засегнати страни. Промената на овој закон во 2013 година беше една од   низата мерки чија цел беше да се ретрадиционализира улогата на жената како мајка, односно истиот да влијае врз демократски политики т.е. наталитетот во државата, закон којшто го ограничи правото на жената до безбеден и сигурен абортус. Со овој закон беше воведен задолжителен период за чекање пред интервенцијата, пристрасното советување и воведување на казни за докторите со што се ограничи пристапот до безбеден абортус но и правото на избор.

М. Ивановска

 

 

Print Friendly, PDF & Email