Претставникот на ОБСЕ за слободата на медиумите, Харлем Дезир, денеска изрази загриженост во врска со рестриктивното влијание врз дистрибуцијата на српските печатени медиуми во Косово по воведувањето на неодамнешните трговски мерки. Тој потсети на потребата да се зачува правото на граѓаните на пристап до информации на нивниот јазик.
“Пристапот до весници, вклучувајќи ги и српските печатени медиуми, мора да биде загарантиран за сите граѓани и локални заедници во секое време”, рече Дeзир, нагласувајќи дека “медиумите и пристапот до информации не треба да бидат колатерална жртва на моменталната ситуација”.
По воведувањето на зголемените увозни тарифи за српските производи на косовскиот пазар минатата недела, се вели дека ниту еден српски печатен медиум не стигнаl до киосците во Косово.
“Неограниченото право на информирање на граѓаните и плуралистичкиот печат мора да бидат обезбедени и заштитени во сите околности, без никакви бариери”, рече Дезир.
Дезир заклучи дека треба да се посвети внимание на правото на информации на својот мајчин јазик и дека треба да се отстранат мерките што го ограничуваат медиумскиот плурализам, бидејќи медиумите претставуваат витален столб на демократијата.
С. Т.