Новинарите кои го следат рочиштето за предметот „27 април“ денеска собраа 160 евра за пратеникот Љубен Арнаудов, кој утринава рече дека од сега изјавите ќе ги наплаќа по 50 евра. Сепак и покрај тоа што новинарите му ги понудија парите на пратеникот, тој не даде изјава на прашањето дали како обвинет во предметот ќе поднесе барање за амнестија.
Тој ја негираше реакцијата на новинарите дека ги навредил со тоа што им побара пари за да даде изјава.
„Не е точно дека ве навредив. Се обидов да се насмеам и да дадам порака за други луѓе“, истакна тој и влезе во Кривичниот суд каде продолжува рочиштето по паузата.
Ова е прво судење за 27 април откако пратениците завчера изгласаа специјален закон за амнестија во врска со нападот во Собранието.