Обвинетите за настаните од 27 април во Собранието, до вторник можат да доставуваат барања за амнестија до Кривичниот суд.
Тие од петокот почнале да ги доставуваат барањата до Кривичниот суд, кои можат да ги достават до Судот лично и по пошта. Кога рокот за поднесување на барањата ќе истече, Судот и Обвинителството ќе имаат рок од пет дена да одговорат кој ќе биде помилуван, а кој не.
Законот за амнестија беше објавен во Службен весник на Република Македонија, откако на него потпис стави претседателот Ѓорѓе Иванов.
Законот за амнестија беше донесен по скратена постапка, на 18-ти овој месец, со 95 гласа „за“, без против и воздржани.
Според Законот, амнестијата нема да ги опфати организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје, како и службените лица кои ги пречекорите службените овластувања.