Од 1 декември на сметките на граѓаните ќе пристигнат првите суми од поврат на ДДВ преку скенираните фискални сметки.
„Парите ги враќаме назад кај граѓаните. Од први декември почнуваме со повратот на Мој ДДВ, со што околу 3 милиони евра влегуваат назад на сметките на граѓаните“, истакна членката на ЦО на СДСМ, Сања Лукаревска од вчерашната трибина одржана во Гостивар.
Од 1 јули оваа година, скенирани се 38 милиони сметки, што според Лукаревска е показател дека мерката Мој ДДВ функционира според планираното. Таа додаде дека покрај Мој ДДВ, одлично функционира и повратот на ДДВ за правните лица. Во 2019 година во споредба со 2016 година на поврат на ДДВ за фирмите има раст од 43 отсто.
“Само така ќе одиме напред, ако сите се грижиме и работиме чесно и исправно, во интерес на граѓаните на целата наша држава”, посочи Лукаревска.
А.З.