ИМ 1045, О.У. “Крсте Мисирков”, Куманово, додека немало гласачи Избирачки одбор и овлатени претставници на политички партии се скарале откако од ОИК им се јавиле на ИО затоа што некој пријавил некаков инцидент. Кога ИО ги соочил партиските набљудувачи се закачиле од партиските набљудувачи од ЗНАМ и од кај независниот кандидат Диро, со обвинување и правдање дали и кој пријавил, дека не е убаво да работат позади грб и на крај решиле дека што и да било не било намерно.
Во Куманово општа караница помеѓу партиските набљудувачи на ЗНАМ и независниот Диро и ИО
Имено, на ИМ 1045 во ОУ Крсте Мисирков и Браќа Миладиновци , во периодот помежу 18:00–18:30h: кога немаше гласачи внатре во избирачкото место настана некоја мала расправија помеѓу членови на комисија со партиски набљудувачи, поради тоа што се јавиле на телефон од ОИК на член од комисија ( најверојатно претседател на избирачката комисија) дека во тоа избирачко место имало пријава за инцидент во врска со избирачкиот список, а тие како членови од комисија не пријавиле во ОИК. Членот на комисијата кое разговараше на телефон рече дека такво нешто немало во тоа избирачко место и дека никој не пријавил и не се пожалил на ништо и е изненаден од таквата информација, а додека зборуваше во исто време и другите членови од комисијата негираа за инцидент дека се случил. По завршување на истиот разговор по телефон почнаа меѓу себе да разговараат за тоа кој би можел такво нешто да пријави а при тоа да се измислува некаков инцидент дека настанал, додека во исто време партискиот набљудувач на ЗНАМ додека се одвиваше разговорот по телефон беше излезен надвор. Кога се врати член од комисијата го праша дали тој има пријавено во ОИК за некаков инцидент, при што севмеша и партискиот набљудувач од независната листа Диро, по што набљудувачот од ЗНАМ тврдеше дека тој воопошто не пријавил такво ништо во ОИК. По ова, комисијата повторно ги праша партиските набљудувачи дали имаат нешто да пријават како нерегуларност и дали сметаат дека тоа било некаков инцидент и посочи дека нема потреба од шпекулации и измислици, откако цел ден гласањето поминало во најдобар ред, по што се смирија страстите , и гласањето продолжи.
Ова се дел од извештаите што ЦИВИЛ ги нотираше како случаи на попречување на работата на набљудувачите, но и на новинарите, за време на локланите избори што претставува сериозен удар врз транспарентноста на изборниот процес.
Попречувањето на набљудувачите и медиумите не е изолиран пропуст, туку дел од пошироката култура на нетранспарентност, политизација и страв од надзор. Кога институциите не реагираат на овие прекршувања, испраќаат порака дека контролата и отчетноста се закана, а не обврска.
ЦИВИЛ остро реагираше и на случаите на вознемирување и попречување на медиумските екипи кои известуваа од терен, вклучително и на новинари кои беа вербално нападнати од партиски активисти. Таквите инциденти создаваат ефект на страв и самоцензура, и се спротивни на уставно загарантираната слобода на медиумите и јавниот интерес за информираност.
Овој текст е дел од серијалот со заеднички наслов „Од бележникот на набљудувачот на ЦИВИЛ“ со што на јавноста ѝ се откриваат детали за текот на изборниот процес низ илустративни примери за случувањата и состојбите.
ЦИВИЛ излезе на терен со 60 акредитирани мобилни изборни набљудувачи, додека состојбите во изборен контекст се следеа подолго време, односно интензивното долгорочно набљудување на изборниот процес започна на почетокот на август. На овие избори, организацијата бележи и зголемен број пријави и од граѓанките и граѓаните кои пријавуваа изборни нерегуларности или се јавуваа со прашања поврзани со нивното право на глас.
Изборниот мониторинг на ЦИВИЛ е дел од проектот „Демократски навигатор“ кој претставува одговор на дезинформациите и хибридните закани, поддржан од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија. ЦИВИЛ го спроведува проектот во соработка со партнерските организации и коосновачи на Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата (DDGI). Една од компонентите на проектот е токму изборниот мониторинг по чие завршување организацијата ќе објави детален извештај, анализа и стратешки препораки до институциите, јавноста, и меѓународната заедница.
Драган Мишев












