Во избирачкото место 2479 во ОУ „Глигор Прличев“ Железара, Скопје, на избирачкиот список се наоѓаат над 20 починати лица.
Во избирачкото место 2703, Јавна градинка „Срничка“, Аеродром, починати лица се уште стојат во ИС, Членовите од семејствата пријавиле и на минатиот изборен процес за истиот проблем но тие повторно фигурираат во ИС.
И на овие избори, изборната администрација покажа дека Избирачкиот список е непрочистен, односно не е ажуриран, што укажува на системска слабост.
Овој текст е дел од серијалот со заеднички наслов „Од бележникот на набљудувачот на ЦИВИЛ“ со што на јавноста ѝ се откриваат детали за текот на изборниот процес низ илустративни примери за случувањата и состојбите.
ЦИВИЛ излезе на терен со 60 акредитирани мобилни изборни набљудувачи, додека состојбите во изборен контекст се следеа подолго време, односно интензивното долгорочно набљудување на изборниот процес започна на почетокот на август. На овие избори, организацијата бележи и зголемен број пријави и од граѓанките и граѓаните кои пријавуваа изборни нерегуларности или се јавуваа со прашања поврзани со нивното право на глас.
Изборниот мониторинг на ЦИВИЛ е дел од проектот „Демократски навигатор“ кој претставува одговор на дезинформациите и хибридните закани, поддржан од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија. ЦИВИЛ го спроведува проектот во соработка со партнерските организации и коосновачи на Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата (DDGI). Една од компонентите на проектот е токму изборниот мониторинг по чие завршување организацијата ќе објави детален извештај, анализа и стратешки препораки до институциите, јавноста, и меѓународната заедница.
Д. Тахири












